Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Подготвителна настава за државната матура од математика

Подготвителна настава за државната матура од математика

Објавено 23.05.2017

 

Факултетот за електротехника и информациски технологии

организира

ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

ЗА ДРЖАВНАТА МАТУРА ОД МАТЕМАТИКА

 

Почитувани матуранти,

 

Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје организира подготвителнa настава за државната матура од математика. Наставата ќе се реализира во просторијата 212 на факултетот во траење од 16 школски часа во текот на следниве четири дена: 5 јуни, 6 јуни, 7 јуни и 8 јуни 2017 год., од 14 до 18 часот.

Цената на подготвителната настава изнесува 2000 денари.

Посетувањето на оваа настава ќе ви помогне за успешно совладување на сите теми од областа математика предвидени за државната матура. Исто така, тоа ќе им помогне за  успешно следење на наставата по математика на оние матуранти кои школувањето ќе го продолжат на некој од техничките и природно-математичките факултети.

Пријавувањето се врши со пополнување  апликација на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/1R1TSArphMfD875A79RdykQdxeKN1NQg7WlCbQg8-3HA/edit

За дополнителни информации може да се обратите на следнава адреса: podgotvitelna_mat@feit.ukim.edu.mk

Сите пријавени кандидати ќе добијат информација по е-mail за почетокот на наставата и начинот на плаќање.

 

Институт за математика и физика