Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Подготвителна настава за државната матура од математика

Подготвителна настава за државната матура од математика

Објавено 27.02.2017

 

Факултетот за електротехника и информациски технологии

организира

ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА

ЗА ДРЖАВНАТА МАТУРА ОД МАТЕМАТИКА

 

Почитувани матуранти,

Институтот за математика и физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје организира подготвителнa настава за државната матура од математика. Наставата ќе се организира во просториите на факултетот во траење од 16 школски часа во текот на четири дена. Заинтересираните кандидати може да изберат еден од следниве рокови:

 

  1. март-април (18.03., 25.03., 1.04. и 8.04.2017)
  2. април-мај (22.04., 29.04., 6.05. и 13.05.2017)
  3. јуни (5. 06., 6.06., 7.06. и 8.06.2017).

 

Цената на еден курс изнесува 2000 денари.

Посетувањето на подготвителната настава ќе ви помогне за успешно совладување на сите теми од областа математика предвидени за државната матура. Исто така, тоа ќе им помогне за успешно следење на наставата по математика на оние матуранти кои школувањето ќе го продолжат на некој од техничките и природно-математичките факултети.

 

Пријавувањето се врши со пополнување апликација на следниов линк:

https://docs.google.com/forms/d/1R1TSArphMfD875A79RdykQdxeKN1NQg7WlCbQg8-3HA/edit

За дополнителни информации може да се обратите на следнава адреса: podgotvitelna_mat@feit.ukim.edu.mk

Сите пријавени кандидати ќе добијат информација по е-mail за почетокот на наставата и начинот на плаќање.

 

КРАТКА СОДРЖИНА НА ПОДГОТВИТЕЛНAТА НАСТАВА ЗА ДРЖАВНА МАТУРА

1. Основни бројни множества. Алгебарски рационални изрази

Природни, цели, рационални и реални броеви. Степен со показател природен број. Цели и дробно-рационални изрази.

2. Линеарна функција, линеарна равенка и неравенка, системи линеарни равенки и неравенки

Линеарна равенка. Линеарна функција и нејзини особини. Систем од две линеарни равенки со две непознати. Линеарна неравенка. Систем од две линеарни неравенки со една непозната.

3. Квадратна равенка

Квадратна равенка. Природа на решенијата на квадратна равенка. Виетови формули и нивна примена.

4. Аналитичка геометрија во рамнина

Правоаголен координатен систем во рамнина. Растојание меѓу две точки. Делење на отсечка во даден однос. Плоштина на триаголник зададен со три точки. Права во рамнина, видови равенки на права. Равенка на права низ две точки. Равенка на права низ дадена точка и даден коефициент на правецот. Растојание од точка до права. Заемна положба на две прави. Пресек на две прави. Агол меѓу две прави. Паралелни и нормални прави.

5. Геометрија

Планиметрија, основни геометриски фигури. Триаголници, четириаголници, правилни многуаголници, кружница и круг. Вектор, операции со вектори. Периметар и плоштина на рамнински фигури. Стереометрија, основни геометриски тела. Призма, пирамида, цилиндар, конус, сфера и топка. Плоштина и волумен на геометриско тело.

6. Аритметичка и геометриска прогресија

Аритметичка прогресија и нејзини својства. Геометриска прогресија и нејзини својства. Бесконечна геометриска прогресија.

7. Веројатност

Експеримент. Статистичка веројатност и случаен настан. Операции со случајни настани. Дискретен простор на веројатност. Класична дефиниција на веројатноста. Својства на веројатноста. Формули за пресметување веројатност на случајни настани.