Подготвителна настава по математика и физика за новите студенти
ЗА ИДНИТЕ СТУДЕНТИ
Институтот за математика и физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии, во Скопје, во периодот од 31 август до 13 септември 2016, организира подготвителни курсеви по математика и физика за новите студенти.
Пријавување на заинтересираните слушатели: во Деканатот на ФЕИТ (кај Анета Јовановска во дактило биро) од 24 до 30 август 2016, во термините 11-13 часот.
Цената на секој од курсевите (посебно), што треба да се уплати на факултетската жиро сметка изнесува по 2000 ден. Кандидатите се пријавуваат со приложување на уплатница со цел на дознака:
- за подготвителна настава по математика или
- за подготвителна настава по физика.
Наставата на подготвителните курсеви по математика и физика ќе се одржи во 20 школски часа, по секој од предметите одделно, според следниот распоред:
|
Среда 31.08.2016 |
Четврток 01.09.2016 |
Петок 02.09.2016 |
Понеделник 05.09.2016 |
Вторник 06.09.2016 |
10:00-11:00 |
Математика |
Математика |
Математика |
Математика |
Физика |
11:00-12:00 |
Математика |
Математика |
Математика |
Математика |
Физика |
12:00-13:00 |
Физика |
Физика |
Физика |
Физика |
Математика |
13:00-14:00 |
Физика |
Физика |
Физика |
Физика |
Математика |
14:00-15:00 |
Физика |
Физика |
Физика |
Физика |
Математика |
|
Среда 07.09.2016 |
Четврток 08.09.2016 |
Петок 09.09.2016 |
Понеделник 12.09.2016 |
Вторник 13.09.2016 |
10:00-11:00 |
Физика |
ПРАЗНИК |
СЛОБОДЕН ДЕН |
Физика |
Физика |
11:00-12:00 |
Физика |
Физика |
Физика |
||
12:00-13:00 |
Математика |
Математика |
Математика |
||
13:00-14:00 |
Математика |
Математика |
Математика |
||
14:00-15:00 |
Математика |
Математика |
Математика |
Посетувањето на подготвителните курсеви по базичните предмети (математика и физика) е од особено значење заради успешно вклучување на новите студенти во првата година од студиите на ФЕИТ. Подготвителната настава ќе ги обработува сите неопходни теми за следење на наставата по предметите математика и физика, вклучувајќи ги и темите кои не се застапени на државната матура. Следењето на подготвителните курсеви на идните студенти ќе им овозможи соодветна подготовка и освежување на знаењата пред контролната проверка на знаењата по предметите математика 1 и физика 1, која ќе се спроведе во првите две недели од наставата во учебната 2016/2017, за сите студенти од прва година на ФЕИТ.
Институт за математика и физика
- КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за подготвителна настава по МАТЕМАТИКА на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје
-
- Алгебарски изрази: Степен со показател цел број. Рационални изрази. Полиноми. Реални броеви. Корен од реален број. Степен со показател рационален број. Степен со показател реален број.
- Линеарни функција: Линеарна равенка. Линеарна функција. Систем од две линеарни равенки со две непознати. Линеарни неравенки. Систем од две линеарни неравенки со една непозната.
- Квадратна функција: Квадратна равенка. Систем од една линеарна неравенка и една квадратна равенка со две непознати. Квадратна функција (парност, нули на функција, монотоност, максимум и минимум). Квадратни неравенки.
- Експоненцијална и логаритамска функција: Експоненцијална функција(дефинициона област, множество вредности, монотоност, максимум и минимум). Експоненцијални равенки и неравенки. Логаритамска функција. Логаритамски равенки и неравенки
- Тригонометриски функции: Графици и својства на тригонометриски функции (дефинициона област, множество вредности, парност, периодичност, монотоност, максимум и минимум). Тригонометриска кружница.
- Аналитичка геометрија во рамнина: Вектори и операции со вектори. Права во рамнина. Општ облик равенка на права, експлицитен облик и сегментен облик равенка на права. Равенка на права низ две точки. Растојание меѓу права и точка. Кружница. Равенка на тангента на кружница.
- Планиметрија и стереометрија: Планиметрија. Правоаголен, рамнокрак, разностран триаголник. Паралелограм, ромб, трапез, круг. Периметар и плоштина на рамнински лик. Стереометрија. Призма, пирамида,цилиндар, сфера. Плоштина и волумен.
- Аритметичка и геометриска прогресија: Аритметичка прогресија (општ член на аритметичка прогресија, разлика на аритметичка прогресија, сума на аритметичка прогресија). Геометриска прогресија (општ член, количник, сума на геометриска прогресија).
- Комплексни броеви: Комплексен број и конјугирано комплексен број. Комплексна рамнина. Модул на комплексен број. Операции со комплексни броеви.
- Трансформација на графици
- КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за подготвителна настава по ФИЗИКА на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје
-
- Физички величини и единици
- Кинематика на материјална точка: Елементи на механичко движење на материјална точка. Рамномерно праволиниско движење. Променливо праволиниско движење. Слободно паѓање и вертикален истрел. Криволиниско движење. Движење по кружница.
- Динамика: Њутнови закони. Еластична сила. Сила на триење. Инерцијална сила. Импулс на телото. Закон за запазување на импулсот. Закон за гравитација и гравитационо поле. Механичка работа. Моќност. Механичка енергија. Закон за запазување на механичката енергија.
- Динамика на вртливо движење: Кинематика на ротационо движење на тврдо тело. Момент на сила. Работа и енергија на ротационо движење. Закон за запазување на момент на импулс.
- Механика на флуидите: Притисок (Паскалов закон). Потисок (Архимедов закон). Равенка на континуитет. Бернулиева равенка. Торичелиева равенка.
- Механички осцилации и бранови: Елементи на осцилаторно движење. Брзина, забрзување, сила и енергија при хармониски осцилации. Математичко нишало. Браново движење, карактеристики и видови на брановите. Равенка на бран. Звучни бранови. Брзина на звук. Ултразвук.
- Основи на молекуларно-кинетичката теорија и термодинамика: Температура и нејзино мерење. Равенка за состојба на идеален гас. Изопроцеси кај гасовите. Количество на топлина. Топлиниски и специфичен топлински капацитет.
- Електрично поле. Еднонасочна струја: Кулонов закон. Електрично поле. Работа на електрично поле. Електричен потенцијал и напон. Електричен капацитет. Кондензатор. Електромоторна сила. Омов закон. Кирхофови закони. Отпрници и нивно поврзување. Работа, енергија и моќност на еднонасочна струја. Зависност на отпорот од температурата.
- Светлински појави: Спектар на електромагнетно зрачење. Природа на светлината и нејзино простирање. Одбивање на светлината. Рамно и сферно огледало. Прекршување на светлината. Прекршување низ тенки призми. рефлексија. Дисперзија на светлината. Оптички леќи. Интерференција и дифракција на светлината.
- Атомска и нуклеарна физика: Фотоелектричен ефект. Боров модел на водородниот атом. Рендгенско зрачење. Бранови својства на честичките. Состав на атомското јадро. Природна радиоактивност (a, b и g зрачење). Закон за радиоактивно распаѓање. Енергија врзување на атомското јадро.