Подготвителен курс по математика за матуранти
СООПШТЕНИЕ
Факултетот за Електротехника и информациски технологии
Организира
ПОДГОТВИТЕЛЕН КУРС ПО МАТЕМАТИКА
ЗА МАТУРАНТИ
Институтот за математика и физика при Факултетот за електротехника и информациски технологии, во Скопје, организира подготвителен курс по математика за матуранти. Посетувањето на подготвителниот курс е од особено значење за припремата на матурантите за престојната државна матура по математика, како и подготовка за предметите од областа на математика кои се слушаат во првиот семестар на студирање на ФЕИТ.
Подготвителниот курс по математика за матуранти предвидува реализација на настава во 21 школски час, распоредени во 7 (седум) работни дена. Почетокот на реализацијата на курсот е предвиден за 30 мај 2016, односно подготвителниот курс ќе се одржи во периодот од 30.05.2016 - 7.06.2016, по три часа дневно, според распоредот.
Цената на овој од курс изнесува 2000 денари. Сумата треба да се уплати на сметката на Факултетот дадена подолу. Кандидатите треба да се пријават со приложување на уплатница со цел на дознака: за подготвителен курс по математика за матуранти, во Деканатот на ФЕИТ (кај Анета Јовановска во дактило биро), најдоцна до 30.05.2016 до 10 часот.
Подготвителениот курс по математика за матуранти ќе започне во понеделник
на 30 мај 2016 година во 11 часот, во просторијата 110.
- КРАТКА СОДРЖИНА на материјалот за подготвителна настава по МАТЕМАТИКА на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Скопје
-
1.Алгебарски изрази
Степен со показател цел број. Рационални изрази. Полиноми. Реални броеви. Корен од реален број. Степен со показател рационален број. Степен со показател реален број.
2.Линеарни функција
Линеарна равенка. Линеарна функција. Систем од две линеарни равенки со две непознати. Линеарни неравенки. Систем од две линеарни неравенки со една непозната.
3.Квадратна функција
Квадратна равенка. Систем од една линеарна неравенка и една квадратна равенка со две непознати. Квадратна функција (парност, нули на функција, монотоност, максимум и минимум). Квадратни неравенки.
4.Аналитичка геометрија во рамнина
Вектори и операции со вектори. Права во рамнина. Општ облик равенка на права, експлицитен облик и сегментен облик равенка на права. Равенка на права низ две точки. Растојание меѓу права и точка.
5.Планиметрија и стереометрија
Планиметрија. Правоаголен, рамнокрак, разностран триаголник. Паралелограм, ромб, трапез, круг. Периметар и плоштина на рамнински лик.
Стереометрија. Призма, пирамида,цилиндар, сфера. Плоштина и волумен.
6.Аритметичка и геометриска прогресија
Аритметичка прогресија (општ член на аритметичка прогресија, разлика на аритметичка прогресија, сума на аритметичка прогресија). Геометриска прогресија (општ член, количник, сума на геометриска прогресија).
7. Веројатност
Експеримент и настан. Статистичка веројатност и случаен настан. Операции со случајни настани. Дискретен простор на веројатност. Класична дефиниција на веројатноста . Својства на веројатност . Формула за веројатност на случајни настани.