Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Пакет курсеви од Јuniper Networks на ФЕИТ

Пакет курсеви од Јuniper Networks на ФЕИТ

jun_logo.png

ПАКЕТ КУРСЕВИ ОД JUNIPER NETWORKS НА ФЕИТ

 

Пакет курсеви во рамките на програмата Juniper Academic Alliance

1. „Вовед во оперативниот систем JunOS (Introduction to the Junos Operating System - IJOS)“

2. „Основи на рутирање со Junos (Junos Routing Essentials - JRE)“

 

Во рамките на активностите на Juniper Training Center при ФЕИТ (дел од Juniper Networks – Juniper Academic Alliance), Факултетот за електротехника и информациски технологии и Институтот за КТИ како продолжение на првиот курс „Вовед во мрежно работење (Introduction to Networking)“ ќе организираат два курса:

1. „Вовед во оперативниот систем JunOS (Introduction to the Junos Operating System - IJOS)“

2. „Основи на рутирање со Junos (Junos Routing Essentials - JRE)“

Овие курсеви може да бидат од особена корист за студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии, но и за студенти од други образовни институции во Р.Македонија, кои би се надградувале со знаења во рамките на Juniper технологиите.

Овие два курса дизајнирани од Juniper, се воведни курсеви во областа на компјутерски мрежи и рутирање, како и во технологиите на Juniper Networks, односно специфичниот оперативен систем JUNOS. За следење на овие два курса НЕ Е неопходно претходно следење на други Juniper Networks курсеви, доколку слушателите се запознати со основите на работа на компјутерските мрежи. За следење на вториот курс „Основи на рутирање со Junos“ пожелно е претходно познавање на основите на Junos.

По ислушувањето на курсевите посетителите ќе добијат сертификат од ФЕИТ, поддржан од Juniper Networks за успешно завршен курс.

Цените за курсевите се ПРОМОТИВНИ и важат само за овие објавени термини!!!

Име на курсот:

Бр. на часови

Цена по слушател за студенти, постдипломци или докторанти запишани на ФЕИТ

Цена по слушател за студенти, постдипломци или докторанти на која било акредитирана образовна установа во Р. Македонија

„Вовед во оперативниот систем JunOS“

Introduction to the Junos Operating System - IJOS

8

3100 ден.

4700 ден.

„Основи на рутирање со Junos“

Junos Routing Essentials - JRE

8

3100 ден.

4700 ден.

Пакет од двата курса

 

5200 ден.

7800 ден.

Во прилог е дадена програмата за курсевите:

  1. Вовед во оперативниот систем JunOS .
  2. Основи на рутирање со Junos .


Промена на термини за одржување на курсевите !!!

 

Заради технички причини термините за одржување на Курсевите организирани во соработка со Juniper Networks се одложуваат за почетокот на Октомври. Точните термини ќе бидат објавени во текот на идната недела (22-26.09.2014)!!!


  1. Вовед во оперативниот систем JunOS: xx и xx Октомври 2014 во траење од 8 часа.
  2. Основи на рутирање со Junos: xx и xx Октомври 2014 во траење од 8 часа.

 

Секој курс трае по 8 часа (односно 2 дена по 4 часа) и дополнителна пауза од 20 минути.

Слушателите може да се пријават за секој курс поединечно или за пакет курсеви.

Курсевите ќе се одржуваат во лабораториите на ФЕИТ во попладневните часови.

Пријавувањето на кандидатите за курсот треба да се направи на e-mail адресата: juniper_aa@feit.ukim.edu.mk најдоцна до ЧЕТВРТОК (18.09.2014).

 

Од тимот на Juniper Academic Alliance  при ФЕИТ