Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2018“
ЛЕТНА ШКОЛА
„ДИЗАЈН НА ВГРАДЛИВИ МИКРОКОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ 2018“
Во периодот од 25 јуни до 29 јуни 2018 год. ќе се одржи осмата по ред ЛЕТНА ШКОЛА „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“ на тема „Паметни нешта (smart things)“.
Наставно-научниот совет на ФЕИТ одобри два кредита за студентите кои успешно ќе ги исполнат сите активности во школата.
Предвидени се три групи со по 20 работни места: Една група со почетно ниво е наменета претежно за студентите од прва и втора година, а другата почетна група претежно за средношколци. Третата група е со понапредно ниво и соодветно е наменета за студентите од трета и четврта година. Респределбата во групите не е строга и можно е одредено прелевање ако некоја биде преполнета со кандидати.
Активностите се состојат од предавања, лабораториски вежби и самостојна работа на проектна задача. Лабораториските вежби и проектот се работат во тимови од по двајца кандидати. Проектната задача ќе биде дефинирана на првиот ден од школата и ќе има натпреварувачки карактер. На најуспешните екипи ќе им бидат доделени дипломи и/или награди.
Распоредот на активности можете да го погледате од: VMS2918 Programa za rabota.pdf
Пријавувањето се врши електронски преку интернет страната: http://tiny.cc/VMS2018
од 20 јуни (среда) до пополнување на местата. Во сабота по 20 часот ќе бидат објавени списоците.
Предавањата се отворени за сите.
За учество во тимовите предност имаат студентите што до сега не учествувале во оваа школа. При пријавувањето кандидатите можат да посочат друг кандидат со кој би работеле во тим (ако претходно се договариле).
Основен принцип на предност при пријавувањето е времето на пријавување, но организаторот го задржува правото да одлучи за приемот.
На школата можат да учествуваат и студенти на магистерски студии ако постојат слободни места. Формирањето на посебна „средношколска група“ зависи од бројот на пријавени средношколци.
Школата ја организира Институтот за електроника при ФЕИТ-Скопје, во соработка со Сеавус-Скопје.