Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2017“

Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2017“

 

PosterFeit2017vmsmin.png

 

ЛЕТНА ШКОЛА

„ДИЗАЈН НА ВГРАДЛИВИ МИКРОКОМПЈУТЕРСКИ СИСТЕМИ 2017“

 

Во периодот од 19 јуни до 23 јуни 2017 год. ќе се одржи седмата по ред ЛЕТНА ШКОЛА „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“ на тема „Сензори и актуатори“.

Наставно-научниот совет на ФЕИТ одобри два кредити за студентите кои успешно ќе ги исполнат сите активности во школата.

Предвидени се три групи со по 20 работни места. Првата група на ФЕИТ со почетно ниво е претежно за студентите од прва и втора година како и средношколци. Втората група е со понапредно ниво соодветно претежно за студентите од трета и четврта година, но сепак отворено и за останатите. Третата група е предвидена само за студенти кои ќе работат во просториите на СЕДЦ и ќе имаат инструктори од СЕАВУС.

Активностите се состојат од предавања, лабораториски вежби и самостојна работа на проектна задача. Лабораториските вежби и проектот се работат во тимови од по двајца кандидати. Проектната задача ќе биде дефинирана на првиот ден од школата и ќе има натпреварувачки карактер. На најуспешните екипи ќе им бидат доделени дипломи и/или награди.


Предавањата се отворени за сите.
За учество во тимовите предност имаат студентите што до сега не учествувале во оваа школа.
Основен принцип на предност при пријавувањето е времето на пријавување, но организаторот го задржува правото да одлучи за приемот.
Во тимовите на школата што ќе работат на ФЕИТ можат да учествуваат и средно­школци како и студенти на магистерски студии. Постои можност и за формирање на посебна „средношколска група“, доколку има доволно пријавени средношколци.

 

Школата ја организира Институтот за електроника при ФЕИТ-Скопје, во соработка со Сеавус-Скопје и со спонзорство од Логинг електроникс.