Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2016“
Во периодот од 27 јуни до 01 јули 2016 год. ќе се одржи шестата по ред
ЛЕТНА ШКОЛА
„Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“
на тема
„Интернет на нешта - IoT“.
Наставно-научниот совет на ФЕИТ одобри два кредити за студентите кои успешно ќе ги исполнат сите активности во школата.
Предвидени се две групи со по 20 работни места. Првата група со почетно ниво е претежно за студентите од прва и втора година, а втората група од напредно ниво е претежно за студентите од трета и четврта година.
Активностите се состојат од предавања, лабораториски вежби и самостојна работа на проектна задача. Лабораториските вежби и проектот се работат во тимови од по двајца кандидати. Проектната задача ќе биде дефинирана на првиот ден од школата и ќе има натпреварувачки карактер. На најуспешните екипи ќе им бидат доделени дипломи и/или награди.
Распоредот на активности можете да го погледате од: VMS2016, agenda.pdf Пријавувањето се врши електронски преку интернет страната: http://tiny.cc/LSVMS2016 од 20 јуни (понеделник) 20:00 до 25 јуни (петок) 20:00. Во сабота ќе бидат објавени списоците. |
---|
Предавањата се отворени за сите.
За учество во тимовите предност имаат студентите што до сега не учествувале во оваа школа.
Основен принцип на предност при пријавувањето е времето на пријавување, но организаторот го задржува дискреционото право да одлучи за приемот.
Ако постојат слободни места, во тимовите на школата можат да учествуваат и средношколци како и студенти на магистерски студии. Постои можност и за формирање на посебна „средношколска група“, доколку има доволно пријавени средношколци.
Школата ја организира Институтот за електроника при ФЕИТ-Скопје, во соработка со Сеавус-Скопје и со спонзорство од Логинг електроникс.