Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2015“

Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи 2015“

EmbeddedSSchool2015.jpg

Во периодот од 29 јуни до 03 јули 2015 година ќе се одржи петата по ред

ЛЕТНА ШКОЛА

„Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“

на тема

„Примена на вградливите системи“.

  • Наставно-научниот совет на ФЕИТ одобри два кредити за студентите кои успешно ќе ги исполнат сите активности во школата.
  • Предвидени се две групи со по 20 работни места. Првата група со почетно ниво претежно за студентите од прва и втора година, а втората група од напредно ниво претежно за студентите од трета и четврта година.
  • Активностите се состојат од предавања, лабораториски вежби и самостојна работа на проектна задача.

    Лабораториските вежби и проектот се работат во тимови од по двајца студенти. Проектната задача ќе биде дефинирана на првиот ден од школата и ќе има натпреварувачки карактер. На најуспешните екипи ќе им бидат доделени награди.

  • Пријавувањето се врши електронски преку интернет страната: http://tiny.cc/vms2015 до 27 јуни 2015 (сабота) до 24:00 часот. Во недела ќе бидат објавени списоците.
  • Предавањата се отворени за сите.
  • За учество во тимовите предност имаат студентите што до сега не учествувале во оваа школа. Основен принцип на предност при пријавувањето е времето на пријавување, но организаторот го задржува дискреционото право да одлучи за приемот. Ако преостанат слободни места, во тимовите на Школата можат да учествуваат и средношколци како и студенти на магистерски студии.