Курс Cyber Security
Факултетитот за електротехника и информациски технологии во Скопје во соработка со Центарот за трансфер на технологии и иновации ИНОФЕИТ, организира курс на тема:
„Cyber Security”
на 26-ти јуни 2018 година.
Во рамките на овој курс ќе се запознаете со основните принципи и начела на Cyber безбедноста, безбедносните напади, ранливости и одбрани, основните сигурносни поставувања во различни околини и мрежни уреди, како и начини и препораки како подобро да се заштитиме во корисетњето на секојдневните фиксни и мобилни Интернет сервиси.
Пријавувањето на заинтересираните учесниците e отворено на следниов линк:
http://cybersec.feit.ukim.edu.mk/
Учевството на курсот е бесплатно!
При што, максималниот број на учесници е 50, а минималниот е 15 (за да може да се одржи). Побрзајте да се пријавите додека има место!
Доколку има пријавено повеќе од максималниот број на учесници, ќе биде организиран истиот овој курс во дополнителен термин.