Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви ITU Centre of Excellence elearning курс: „Broadband Internet and Future Networks“, 31 мај – 27 јуни 2016

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Broadband Internet and Future Networks“, 31 мај – 27 јуни 2016

кога 31.05.2016. 00:00 до
27.06.2016. 23:55
Додај настан во календар вКал (vCal)
иКал (iCal)

MK_flag.png UK_flag.png

itu101.jpg

ITU Centre of Excellence elearning курс: „Broadband Internet and Future Networks“

31 мај – 27 јуни 2016 година

 

International Telecommunication Union (ITU) Centre of Excellence (CoE) на ФЕИТ во Скопје организира elearning курс на тема „Broadband Internet and Future Networks” од 31 мај до 27 јуни 2016 година, во рамките на ITU Centre of Excellence мрежата за регионот на Европа, при што истиот ќе се реализира преку ITU Академијата: https://academy.itu.int

Менаџер/Координатор на ITU Centre of Excellence на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје е проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk).

Овој курс ќе биде фокусиран на Broadband Internet and Future Networks, вклучувајќи ги технологиите, регулаторните и бизнис аспектите. Притоа ќе бидат опфатени Интернет архитектурите, Интернет протоколите (IP, TCP, UDP), IP адресирањето и именувањето (DHCP, DNS), IPv6 и транзицијата од IPv4 кон IPv6, Интернет мрежното работење вклучувајќи и уникаст и мултикаст, автономните системи и BGP рутирање, главните Интернет сервиси (Web, Email, FTP), како и управувањето со Интернет. Понатаму, курсот ќе ги опфати broadband Интернет пристапот, вклучувајќи фиксен broadband пристап како бакарно-базираниот пристап (VDSL, ADSL, DOCSIS преку кабел) и оптичкиот пристап (G-PON, B-PON, E-PON, и NG-PON), мобилен broadband пристап (3G, 4G, и патот кон 5G), бизнис аспектите како и управувањето на broadband Интернет пристапот. Исто така, ќе бидат опфатени и broadband Internet сервисите, вклучувајќи ги Next Generation Networks (NGN) и неговата Quality of Service (QoS) рамка, IMS-базираните NGN VoIP и IPTV, Internet of Things (IoT) рамката, cloud computing стандардизацијата од страна на ITU и cloud сервисните модели (IaaS, SaaS, PaaS, NaaS, Caas), OTT видео стриминг (Youtube, Netflix), говорни OTT сервиси (Skype, Viber), OTT сервиси на социјални мрежи (Facebook, Twitter), како и бизнис и регулаторните аспекти. На крајот, курсот ќе го опфати Future Networks (FN) стандардизацијата од страна ITU, вклучувајќи ја мрежната виртуелизација, енергетската ефикасност во FN, Software Defined Networking (SDN), smart traffic, сигурносните предизвици, M2M архитектурите и сервисите, паметни сеприсутни мрежи (Smart Ubiquitous Networks), IoT и Smart Sustainable Cities (SSC), како и бизнис и регулаторните предизвици во Future Networks.

Курсот е наменет за менаџерите, инженерите и вработените во регулаторите, државната администрација, телекомуникациските оператори, ICT компаниите, како и од академската средина, кои се заинтересирани за разбирање, имплементација и регулирање на Broadband Internet and Future Networks, во однос на технологиите, стандардизацијата, регулативата и содржините. Останатите фирми/компании и поединци кои се посветени на зголемување на нивниот капацитет во однос на Broadband Internet and Future Networks се исто така добредојдени да учествуваат.

За добивање на формална покана за ITU CoE elearning курсот сите заинтересирани страни треба да го контактираат проф. д-р Тони Јаневски (tonij@feit.ukim.edu.mk), најдоцна до 30 мај 2016 година.

ITU_Academy_logo.png