Лични алати
Пријави се
Трага: Дома ФЕИТ Курсеви Тренинг курс „Згради со енергија близу до нула - NZEB“ - 15.10.2016

Тренинг курс „Згради со енергија близу до нула - NZEB“ за инженери и архитекти-15.10.2016

 

 

Повик за пријавување на учесници на бесплатниот курс за „Згради со енергија близу до нула (NZEB)“ за дипломирани инженери и архитекти, кој ќе започне на 15.10.2016 (http://www.mens-nzeb.eu/mk/education/distant-learning/courses/636087696032347132/)

 

За да се пријавите за учество на курсевите на „Форум за енергетски професионални вештини (MEnS)“  и за додатни информации посетете го порталот http://www.mens-nzeb.eu.  Изберете јазик МК, а потоа ЕДУКАЦИЈА/Курсеви каде што ќе добиете пристап до информациите поврзани со курсот. За да можете да аплицирате за курсот ќе треба да се регистрирате на порталот, а потоа да се пријавите на порталот (преку e-mail адреса и лозинка). По успешно завршување на курсот, учесниците ќе добијат сертификат како потврда дека се стекнале со целосно разбирање на NZEB концептот кој се применува кај нас и во земјите на ЕУ, како и вештини кои се неопходни при NZEB трансформацијата на зградите во ЕУ. Носител на сертификатот, коj е студент на студии од втор циклус на соодветни факултети на УКИМ, може да се здобие со 12 ЕКТС.