BOOT CAMP за КОРПОРАТИВНИ ИНОВАЦИИ
ЊуМенс Академијата во соработка со програмата за претприемништво SECO Entrepreneurship Program, поддржана од Владата на Швајцарија и имплементирана од Swisscontact, ви нуди уникатна можност - да учествувате BOOT CAMP за КОРПОРАТИВНИ ИНОВАЦИИ со ментори кои доаѓаат специјално за оваа програма од срцето на Силиконската долина.
BOOT CAMP-от ќе се реализира во два дела:
- ДЕЛ 1 - Наменет за стекнување знаења во делот на Експоненцијални технологии и какви предности им нудат на компаниите, како и идентификување на потенцијални области на унапредување во рамки на компаниите учесници (групни и индивидуални сесии):
Компании: 15, 16 ноември
Студенти: 16, 17 ноември
- ДЕЛ 2 - Наменет за работа на конкретни иновативни решенија (групни и индивидуални сесии):
Компании: 7 декември
Студенти: 7, 8, 9 декември
Во соработка со Факултетот за електротехника и информациски технологии - ФЕИТ, ЊуМенс Бизнис Акцелераторот обезбедува 15 места за студенти од овој факултет целосно бесплатно со пријавување на линкот http://bit.ly/feit-intrapreneurship
За време на BootCamp-от студентите ќе имаат можност да научат што значи intrapreneurship, кои се експоненцијалните технологии на иднината, како и и да имаат можат да иновираат за потребите на македонските компании, па и да добијат можност за пракса или вработување.
Пријавувањето за бесплатно учество е најдоцна до 5 ноември 2016 година по што ќе се информираат избраните учесници.
Напомена: За студентите што учествуваат бесплатно, учеството на двата дела е задолжително. За студентите што сакаат да учествуваат само на првиот едукативен дел или и на двата дела но не се избрани за бесплатно учество истото можат да го направат со надомест по бенефицирана цена од 300 денари.
Ментори:
- Darlene Damm, Директор на факултетот Singularity University за Најголемите Глобални Предизвици и Основач на DIYROCKETS, Inc (Mountain View, California). Дарлин е посветена да им помогне на компаниите и универзитетите да разберат како со примена на експоненцијалните технологии можат да ги решат најголемите предизвици на светот а воедно и да бидат што поконкурентни, како и кои вештини им се потребни во свет на забрзани промени, роботика, вештачка интелигенција и виртуелна реалност.
- Rana Chakrabarti, Experience Designer / Дизајнер на кориснички искуства за производи и услуги со над 14 години искуство во светскиот гигант SAP (Palo Alto, California). Рана ужива да дизајнира корснички искуства и интервенции и да ги обучува компаниите и стартапите на овој процес. Процесот низ кој Рана ги води компаниите при осмислувањето на новите иновативни производи и услуги не остава ниту едно прашање неодговорено и уште во процесот на развој обезбедува производот да биде што поподготвен за пазарот на кој ќе се пласира.
За повеќе информации пишете ни на: contact@newmansba.com или јавете се на 070 365436.