Лични алати
Пријави се
Трага: Дома › Тече РобоМАК

Тече РобоМАК

Првиот ден од работилницата за роботика „РобоМАК 2013“ кој се одржува на ФЕИТ од 12 до 16 март помина во извонредна атмосфера, како и што се очекуваше. Меѓународната работилница во организација на ЕЕСТЕК ЛК Скопје, Македонска секција на IEEE - Студентски огранок и Студентски парламент на ФЕИТ во која учествуваат педесет и седум домашни и околу 40 странски учесници и чија цел е популаризација на роботиката меѓу македонските и европските студенти и средношколци беше свечено отворена во Амфитеатарот на ФЕИТ.

На отварањето присуствуваа министерот за информатичко општество и администрација м-р Иво Ивановски, деканот на ФЕИТ проф. д-р Миле Станковски, проректорот за настава на УКИМ проф. д-р Влатко Стоилков, претседателот на Македонската секција на IEEE проф. д-р Гоце Арсов, видни професори од ФЕИТ, бројни студенти и учесници на натпреварот.

Настанот официјално го отворија претседателите на трите студентски организации кои го организираат целиот настан: Маја Целеска - претседател на студентскиот огранок на IEEE во Македонија, Андреј Николов - претседател на скопскиот комитет на Европската студентска организација за електроинженери и Анџело Лазаревски - претседател на сојузот на студенти на ФЕИТ.

Деканот на ФЕИТ го поздрави присутните и го искажа своето задоволство што токму ФЕИТ е домаќин на овој значаен настан. Свое обраќање кон присутните имаше и министерот Ивановски, кој во својот говор посебно истакна дека со растот на светската информатичка технологија и се поголемиот интерес од интернет комуникацијата, расте и побарувачката на пазарот за оваа област, како и дека во последните неколку години потребата од инженери по информатика и електротехника е сè поголем, што ја навестува новата ера на електронското општење и комуникација.

По отварањето, следуваа две мошне интересни предавања. Воведното предавање со наслов “Application of free form curves in robot path planning” го одржа претставникот од Академија Микросам - доц. д-р Игор Димовски, а по него свое предавање имаше м-р Бранко Геразов, на темата “Speech in modern robots”.

Во попладневните часови започна можеби и најинтересниот дел од настанот - работа со вистински роботи. Сите учесници беа распределени по групи и категории и започнаа со практичната работа. Работилниците ќе се одржуваат во лабораториите на Факултетот секој ден, до почетокот на самото финале кое е закажано за 17:00 часот на 16.03.2013 г. во Домот на АРМ.

Говорот на министерот за информатичко општество м-р Иво Ивановски

Линк кон информација за РобоМАК од Владата на РМ

Линк кон информацијата за РобоМАК од официјалната Facebook страница на министерот Ивановски

Слики

 

IMG_5942.jpg

IMG_5944.jpg

IMG_5947.jpg

IMG_5951.jpg

IMG_5953.jpg

IMG_5955.jpg

IMG_5975.jpg

IMG_5980.jpg

IMG_5985.jpg

Презентација на ФЕИТ

Prezentacija_na_FEITdekemvri2017_m.jpg

ISO 9001:2008

Соопштенија

RoboMac_Logobezgodina.jpg


erasmus.png

Календар
ноември
« ноември 2026 »
повтсрчепесане
1
2345678
9101112131415
16171819202122
23242526272829
30