LabVIEW академија
Во 2014 година Факултетот за електротехника и информациски технологии за првпат го имплементираше програмот “Laboratory Virtual Instrument Engineering Workbench (LabVIEW) академија” и со тоа стана првата научно-образовна институција која е лиценцирана за обука на студенти за работа со развојната програмска платформа LabVIEW. Со имплементирање на овој програм, студентите на ФЕИТ се здобиваат со можност за совладување на материјата следејќи современа наставна програма пренесена од страна на сертифицирани наставници, за потоа и истите да добијат можност да се сертифицираат преку полагање на официјален испит во соработка со National Instruments. Како дел од новите студиски програми на ФЕИТ, оваа година за прв пат се реализираше курсот “Практикум по LabVIEW” преку кој се реализира и програмот LabVIEW академија. Повеќе детали за програмот LabVIEW академија може да се најде тука.
Во рамките на (LabVIEW) академијата, на 05.06.2014 година во просториите на ФЛАОП беше организирано првото полагање на Certified LabVIEW Associated Developer (CLAD) испит од страна на студенти на ФЕИТ. Иницијативата за полагање на CLAD испитот и спремањето на кандидатите беше спроведено од страна на Доц. д-р Живко Коколански, а на кое беше поканет и официјален претставник на National Instruments, г-дин Душан Вукашиновиќ. CLAD испитот е првиот од трите чекори од процесот за сертифицирање за LabVIEW кој укажува на широко познавање на LabVIEW околината и способност за програмирање и интерпретирање готов програмски код. Со полагање на CLAD испитот студентите се здобиваат со признат сертификат од страна на американската компанија National Instruments која е воедно и сопственик на програмсктата платформа LabVIEW.
Во Јуни 2015 година беше организирано второто полагање на CLAD испитот во рамките на предметот Практикум во LabVIEW. Како резултат на тоа, Факултетот за електротехника и информациски технологии ги доби новите пет студенти кои се сертифицираа и се здобија со титулата Certified LabVIEW Associated Developer. Следните студенти го положија испитот:
- Рајне Илиевска
- Лилјана Ивановска
- Викторија Димова
- Емил Петковски
- Стефан Аговски
Дел од кандидатите кои го положија CLAD испитот во 2015 година со наставникот на предметот Практикум во LabVIEW, Доц. д-р Живко Коколански
Продеканот за настава на ФЕИТ, Проф. д-р Христина Спасовска на 23.12.2015 година свечено ги додели дипломите на кандидатите кои го положија испитот.
Продеканот за настава на ФЕИТ, Проф. д-р Христина Спасовска, свечено ги врачи CLAD сертификатите на студентите кои го положија испитот во 2015 година
На 24.10.2015 година во Белград се одржа петиот балкански натпревар по LabVIEW на кој учествуваа 17 кандидати од повеќе земји од регионот кои се избрани како најдобри студенти од LabVIEW академиите на секоја од земјите учесници (Линк). Факултетот за електротехника и информациски технологии зема учество на натпреварот со три кандидати кои воедно се носат со титулата CLAD.
Работна атмосфера на петтиот балкански натпревар по LabVIEW во Белград.
Учесници од ФЕИТ натпреварот по LabVIEW (од лево на десно) Викторија Димова, Стефан Аговски, Бодан Велковски, Живко Коколански (ментор)
На натпреварот, Факултетот за електротехника и информациски технологии го освои второто, четвртото и петтото место. Нашата студентка Викторија Димова од насоката КХИЕ беше најуспешна со освоеното второ место.
Доделување на наградата (хардвер) пред зградата на Електротехничкиот факултет во Белград (Милица Јанковиќ – лево, Викторија Димова – десно)
На 28.05.2014 година деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, Проф. д-р Миле Станковски свечено ги врачи сертификатите на првите шест студенти кои го положија CLAD испитот.
Деканот на ФЕИТ, Проф. д-р Миле Станковски, ги додели сертификатите на дел од студентите кои го положија CLAD испитот.
Студенти кои го положија CLAD испитотот:
- Бодан Велковски
- Димитар Димитров
- Владимир Ѓорѓиевски
- Магдалена Трповска
- Мартин Трајковски
- Христијан Петрески