Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Зимски курсеви во организација на БЕСТ

Зимски курсеви во организација на БЕСТ

Новиот семестар започна, а вие веќе сакате да заврши за да прошетате некаде? Можеби сакате да видите како изгледа Франција под снежна покривка? Или пак Австрија, Русија или Словачка? А што ако тоа е комбинација од учење, дружење и забава и сето тоа е БЕСПЛАТНО?

БЕСТ - Борд на Европски Студенти по Технологија ви ја нуди единствената можност да бидете дел од зимските курсеви кои се одржуваат во повеќе градови во Европа.

Курсевите се состојат од предавања на одредена тема кои ги држат професори од универзитетот - домаќин, кaко и шетање и запознавање на убавините на градот во кој се одржуваат. Сите трошоци за храна, спиење, шетање ви ги обезбедува Локалната БЕСТ Група која го организира курсот. Единствено што Вие треба да си обезбедите се патните трошоци.

На курсевите може да се пријави секој студент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ кој знае англиски јазик. Сè што треба да направите е да напишете кратко и интересно мотивационо писмо и да аплицирате на најмногу 3 курса во сезоната.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е 16 октомври. За било какви прашања, контактирајте не на skopje@best.org.mk.

- Листа на курсевите

- Како да аплицирате

- Упатство за пишување мотивационо писмо

- Често поставувани прашања*

 

http://www.best.eu.org/
http://www.best.org.mk/