Започнување со работа на студиската програма Електротехника и информациски технологии при ФЕИТ во рамки на Докторската школа на УКИМ
На Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје министерот за образование и наука Панче Кралев го означи почетокот на работата на Школата за докторски студии на УКИМ. Првото предавање го одржа ректорот на УКИМ проф. д-р. Велимир Стојковски, под наслов “Универзитетот, науката и етиката – концепција и практика на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје”.
Започнувањето со работа на студиската програма Електротехника и информациски технологии при ФЕИТ, беше означено со пригоден состанок каде на примените кандидати им се обратија Деканот на ФЕИТ, проф. д-р. Миле Станковски и раководителот на студиската програма Електротехника и информациско инженерство (ЕИТ), проф. д-р. Лилјана Гавриловска.
Деканот на ФЕИТ и раководителот на студиската програма го изразија своето задоволство од започнувањето на новите докторски студии на ФЕИТ и им посакаа на присутните кандидати и ментори успешна соработка и квалитетни резултати во текот на докторските студии.
Конечната листа на примени кандидати на трет циклус студии – докторски студии на студиската програма ЕИТ е следната:
Томислав Шуминоски
Данијела Јакимовска
Александра Матеска
Валентин Раковиќ
Даниел Денковски
Гоце Докоски
Николче Велјановски
Галина Јосифовска
Стојан Китанов