Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Успешно завршен РОБОМАК 2012

Успешно завршен РОБОМАК 2012

На 25.02.2012 се одржа финалниот натпревар на најмасовната интернационална работилница за роботика на Балканот. По петдневни предавања одржани од реномирани македонски имиња во областа на роботиката и пет дена напорна работа на роботите, учесниците го прикажаа финалниот резултат од својот труд токму на овој натпревар.

Учесници на оваа работилница, организирана по третпат, во соработка на две студентски организации, EESTEC (Electrical Engineering Students European Association) LC Skopje и студентскиот огранок на IEEE во Македонија, беа 34 студенти од универзитетите ширум Европа, како и 76 студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Организирани во тимови, студентите се натпреваруваа во четири категории, и тоа:

  • Сумо

  • Роботска трка

  • Лавиринт

  • Хуманоид

Притоа, во сумо, трка и лавиринт натпреварувањето одеше во неколку кругови, по што најдобрите два тима се натпреваруваа меѓу себе. Кај хуманоидот,пак, се оценуваше креативноста на тимот и победникот беше прогласен од публиката. Откако публиката го проследи перформансот на двата хуманоидни роботи кои танцуваа, со аплауз го прогласи победничкиот тим, кој ја покажа својата креативност и вештина пред полната сала.

Единствената интернационална работилница за роботика во Македонија, заврши успешно. Покрај практичната работа на роботи која им беше овозможена на студентите, учесниците имаа можност за работа во интернационални тимови и размена на искуства со своите колеги од европските земји.

А ова е листата на победниците:

Хуманоид: LMFAO

Дејан Мирчевски

Никола Каранфиловски

Слободан Аџи-Андов

Марио Костоски

Феѓа Ќириќ (Сараево, БиХ)

Лавиринт: Minotaur

Александар Лазаров

Мартин Стојковски

Маја Владимирова

Алпер Демирхан (Измир, Турција)

Елена Петревска

Трка со препреки: Robolt

Дамјан Темелковски

Филип Митровски

Иван Ивановиќ

Клаудија Нохлгард (Линкопинг, Шведска)

Силвија Симјаноска

Емилија Марковска

Сумо: Maksim

Тошо Трајанов Tosho Trajanov

Александар Дуклески Aleksandar Dukleski

Дарко Чадиевски Darko Cadievski

Христина Палазова Hristina Palazova

Филип Челев Filip Celev

Небојша Петковиќ (Белград, Србија)