УПИСИ ФЕИТ 2011
Регистрирајте се на http://upisi.feit.ukim.edu.mk/ и пресметајте ги поените со кои ќе конкурирате при уписот.
Рокови за пријавување и запишување
Прв рок |
Втор рок |
Трет рок |
|
Пријавување на кандидатите |
16 и 17.08.2011 |
1 и 2.09.2011 |
15.09.2011 |
Објавување на резултати од средно образование |
22.08.2011 |
5.09.2011 |
16.09.2011 |
Објавување на решение за прием на кандидатите |
26.08.2011 | 12.09.2011 |
19.09.2011 |
Запишување на кандидатите |
31.08.2011 и 01.09.2011 |
13 и 14.09.2011 |
21.09.2011 |
Квоти и цени по студиски програми
Студиска програма |
Државна квота
|
Цена (ЕУР)
|
Квота со кофинансирање
|
Цена (ЕУР)
|
ВКУПНО
|
Електроенергетски системи (ЕЕС)
|
40
|
200
|
20
|
400
|
60
|
Електроенергетика и управување (ЕЕиУ)
|
40
|
200
|
20
|
400
|
60
|
Електроенергетски уреди (ЕЕУ)
|
40
|
200
|
20
|
400
|
60
|
Конверзија и искористување на електрична енергија (КИЕЕ)
|
40
|
200
|
20
|
400
|
60
|
Електроника, радиотехника и процесирање на сигнали (ЕРПС)
|
80
|
200
|
40
|
400
|
120
|
Телекомуникации (ТК)
|
80
|
200
|
40
|
400
|
120
|
Компјутерско системско инжинерство и автоматика (КСИА)
|
80
|
200
|
40
|
400
|
120
|
Информатика и компјутерско инжинерство (ИКИ)
|
20
|
200
|
10
|
400
|
30
|
Професионални студии по информатика (6 семестри)
|
0
|
200
|
20
|
400
|
20
|
Eлектроенергетика и управување (ЕЕУ) во Кичево
|
80
|
100
|
0
|
/
|
80
|
ВКУПНО Студенти
|
500
|
230
|
730
|
Потребни документи при пријавување
- Пријава за запишување
- Оригинални свидетелства од сите класови
- Свидетелство за завршено средно образование
- Документ за положена државна матура
- Извод од матична книга на родените (независно колку е стар)
- Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение – независно колку е старо)
- Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
- Уплатница за уплатени 50 денари за административна таксена марка
- Интерен пријавен лист (подоле на страната)
- Изјава за национална припадност (се приложува само ако во сведителствата и дипломите не е наведена националната припадност)
- Изјава за неподигање на документите.
- Изјава за дисперзираните студии (ја пополнуваат само кандидатите за дисперзираните студии во Кичево)
И оваа година постои можноста пополнувањето на податоците кандидатите да го прават преку нашиот online Портал за идни студенти, кој овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерниот пријавен лист, изјавата за национална припадност, изјавата за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот. Со користење на Порталот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци до денот на уписот, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот. Освен тоа, со користење на нашиот Портал, кандидатите имаат можност да се приклучат на нашата мејлинг листа и на својата e-mail адреса да ги добиваат сите соопштенија и документи кои се поврзани со уписот на Факултетот.
Дополнителни информации
- Уплатницата и интерниот пријавен лист може да се подигнат од Студентската служба на Факултетот во периодот од 10 до 12 август 2011 година и во деновите на упис од читалната на Факултетот или да се преземат и пополнат од web страната на Факултетот.
- Препорачуваме интерниот пријавен лист да се пополни на online Порталот за идни студенти на Факултетот.
- Факултетот на 15 август 2011 година во периодот од 10-14 часот ќе организира таканаречен ИНФО ДЕН на кој ќе бидат извршени информативни презентации во врска со уписот (информации за потребната документација, начин на пополнување на интерниот пријавен лист, начин на пресметување на поените од успех и др)
Одлука за ослободување од плаќање на школарина
Податоци што треба да се пополнат на уплатниците
Кај уплатната сметка трите места означени со XXX се заменуваат со шифрата на општината од личната карта на кандидатот.
За прашања во врска со уписот на ФЕИТ, обратете се до Конкурсната комисија на upisi@feit.ukim.edu.mk.
Конкурсна комисија на Факултетот за електротехника и информациски технологии,
Скопје, 14 јули 2011.
Интерни пријавни листови
Оваа година, за уписите на ФЕИТ постојат десет различни интерни пријавни листови. Еден кандидат треба да пополни само еден интерен пријавен лист, во зависност од тоа дали полагал државна матура, меѓународна матура, дали завршил средно училиште во странство или завршил средно образование пред учебната 2007/08 година и не полагал матура. Исто така, постојат различни интерни пријавни листови за кандидатите кои сакаат да конкурираат за дисперзираната паралелка на ФЕИТ во Кичево*.
За кандидатите кои конкурираат за Скопје:
1. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена државна матура)
2. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена меѓународна матура) **
3. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле во странски училишта) **
4. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле пред 2007/2008) **
5. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена училишна матура)
За кандидатите кои конкурираат за Кичево*:
1. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена државна матура кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)
2. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена меѓународна матура кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево) **
3. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле во странски училишта кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево) **
4. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле пред учебната 2007/08 и кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)
5. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена училишна матура и кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)
* Во дисперзираната паралелка на ФЕИТ во Кичево постои само државна квота, за наставната програма Електроенергетика и управување (ЕЕиУ).
** Кандидатите кои полагале меѓународна матура или завршиле средно образование во странство, конкурираат во Ректоратот на УКИМ, во согласност со распишаниот Конкурс.