Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости УПИСИ 2011 - Втор уписен рок

УПИСИ 2011 - Втор уписен рок

Слободни места по студиски програми

Регистрирајте се на http://upisi.feit.ukim.edu.mk/ и пресметајте ги поените со кои ќе конкурирате при уписот.

Рокови за пријавување и запишување

Втор рок
Трет рок
Пријавување на кандидатите
1 и 2.09.2011
15.09.2011
Објавување на резултати од средно образование
5.09.2011
16.09.2011
Објавување на решение за прием на кандидатите
12.09.2011
19.09.2011
Запишување на кандидатите
13 и 14.09.2011
21.09.2011

Слободни места и цени по студиски програми

Студиска програма
Државна квота
Цена (ЕУР)
Квота со кофинансирање
Цена (ЕУР)
ВКУПНО
Електроенергетски системи (ЕЕС)
13
200
20
400
33
Електроенергетика и управување (ЕЕиУ)
16
200
20
400
36
Електроенергетски уреди (ЕЕУ)
36
200
20
400
56
Конверзија и искористување на електрична енергија (КИЕЕ)
39
200
20
400
59
Телекомуникации (ТК)
34
200
40
400
74
Електроника, радиотехника и процесирање на сигнали (ЕРПС)
67
200
40
400
107
Информатика и компјутерско инжинерство (ИКИ)
0
200
8
400
8
Компјутерско системско инжинерство и автоматика (КСИА)
43
200
40
400
83
Професионални студии по информатика (6 семестри)
0
200
17
400
17
Eлектроенергетика и управување (ЕЕУ) во Кичево
80
100
0
/
80
ВКУПНО Студенти
328
225
553

Потребни документи при пријавување

  • Пријава за запишување
  • Оригинални свидетелства од сите класови
  • Свидетелство за завршено средно образование
  • Документ за положена државна матура
  • Извод од матична книга на родените (независно колку е стар)
  • Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение – независно колку е старо)
  • Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Факултетот за електротехника и информациски технологии
  • Уплатница за уплатени 50 денари за административна таксена марка
  • Интерен пријавен лист (подоле на страната)
  • Изјава за национална припадност (се приложува само ако во сведителствата и дипломите не е наведена националната припадност)
  • Изјава за неподигање на документите.
  • Изјава за дисперзираните студии (ја пополнуваат само кандидатите за дисперзираните студии во Кичево)

 

И оваа година постои можноста пополнувањето на податоците кандидатите да го прават преку нашиот online Портал за идни студенти, кој овозможува автоматско генерирање на дел од потребните документи: интерниот пријавен лист, изјавата за национална припадност, изјавата за неподигање на документи и преглед на пополнета уплатница, врз база на внесените податоци на кандидатот. Со користење на Порталот, кандидатите имаат можност да избегнат евентуални грешки во пополнувањето на податоците, можат да ги менуваат внесените податоци до денот на уписот, а сите автоматски генерирани документи може да си ги отпечатат дома и само да ги донесат на Факултетот на денот на уписот. Освен тоа, со користење на нашиот Портал, кандидатите имаат можност да се приклучат на нашата мејлинг листа и на својата e-mail адреса да ги добиваат сите соопштенија и документи кои се поврзани со уписот на Факултетот.

Дополнителни информации

  • Уплатницата и интерниот пријавен лист може да се подигнат од Студентската служба на Факултетот и во деновите на упис од читалната на Факултетот или да се преземат и пополнат од web страницата на Факултетот.
  • Препорачуваме интерниот пријавен лист да се пополни на online Порталот за идни студенти на Факултетот.

Одлука за ослободување од плаќање на школарина

Податоци што треба да се пополнат на уплатниците

uplatnica1.jpg

uplatnica50.png

Кај уплатната сметка трите места означени со XXX се заменуваат со шифрата на општината од личната карта на кандидатот.

Шифри на општините

За прашања во врска со уписот на ФЕИТ, обратете се до Конкурсната комисија на upisi@feit.ukim.edu.mk.


Интерни пријавни листови

Оваа година, за уписите на ФЕИТ постојат десет различни интерни пријавни листови. Еден кандидат треба да пополни само еден интерен пријавен лист, во зависност од тоа дали полагал државна матура, меѓународна матура, дали завршил средно училиште во странство или завршил средно образование пред учебната 2007/08 година и не полагал матура. Исто така, постојат различни интерни пријавни листови за кандидатите кои сакаат да конкурираат за дисперзираната паралелка на ФЕИТ во Кичево*.

За кандидатите кои конкурираат за Скопје:

1. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена државна матура)
2. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена меѓународна матура) **
3. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле во странски училишта) **
4. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле пред 2007/2008) **
5. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена училишна матура)


За кандидатите кои конкурираат за Кичево*:

1. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена државна матура кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)
2. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена меѓународна матура кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево) **
3. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле во странски училишта кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево) **
4. Интерен пријавен лист (за кандидати кои завршиле пред учебната 2007/08 и кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)

5. Интерен пријавен лист (за кандидати со положена училишна матура и кои конкурираат за дисперзираната паралелка во Кичево)

* Во дисперзираната паралелка на ФЕИТ во Кичево постои само државна квота, за наставната програма Електроенергетика и управување (ЕЕиУ).
** Кандидатите кои полагале меѓународна матура или завршиле средно образование во странство, конкурираат во Ректоратот на УКИМ, во согласност со распишаниот Конкурс.