Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Стотина основци се натпреваруваа во интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика

Стотина основци се натпреваруваа во интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика

04.06.2018, Скопје – Повеќе од стотина основци учествуваа во првиот STEM натпревар во Македонија откако успешно го поминаа првото ниво на „Основни STEM принципи“ од програмата Bricks Challenge на Young Engineers. Победник на натпреварот, кој се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии, е ученикот Игнатиј Тасевски, кој заедно со уште 3 лица, ќе престојува во Леголенд, Германија како награда за првоосвоеното место на натпреварот во организација на Young Engineers Skopje Macedonia, единствена лиценцирана програма за STEM едукација во Македонија со LEGO® коцки,  достапна во Македонија како франшиза на e² Young Engineers.

Второто место, поради ист број поени, го поделија учениците Огнен Цацаноски и Теодор Веселинов, а треттото место го доби Теодосиј Лазаревски.

Освен тоа што сите финалисти и сите учесници беа наградени, во согласност со остварените резултати низ повеќе фази а според повеќе критериуми, како што се: теорија, време, точност и функционалност, напредна надоградба на зададениот модел на изградба, важно е да се истакне дека натпреварот беше предизвик на кој децата освен тоа што се натпреваруваа во стекнатото знаење, уште од мали се учат на одговорност кон сопствениот успех, почит кон себе и другите, одговорност и управување со времето, индивидуалниот фокус и вложениот труд да се постигне посакуваната цел.

Ваквите натпревари се голем предизвик кој треба да ги мотивираат младите деца – идни инженери кои освен да ги стават своите знаења во функција и да покажат колку и што научиле, да ги охрабри да не се откажуваат лесно од она што го сакаат, да бидат упорни, истрајни и да веруваат во себе, да ги поттикнат да размислуваат на еден поинаков логичен и неконвенционален начин, да се научат бидат одговорни и да се борат за сопствениот живот.

Летово се организираат и камп активности (повеќе информации на http://www.skopje.youngengineers.mk)

Важноста на секој час се согледува во процесот на изградба на моторизирани модели со помош на LEGO® коцки коишто ја покажуваат темата на часот. Децата учат принципи на математика преку научни пресметки за нивната изградба и физика преку интуитивно учење, конкретни зададени проблеми а ги развиваат и своите способности за самостојно учење и ги подобруваат способностите за градење модели. Програмите се тестирани и статистички е докажано дека 88% од учениците се стекнуваат со подобро знаење од областа на науката, зголемена концентрација и креативност, истовремено покажувајќи и подобри резултати на ПИСА тестовите ширум светот.

Освен тоа што децата се фокусирани на часовите кон изучување на материјалот, ги поттикнуваме да размислуваат надвор од границите на традиционалните методи за учење и размислување (outside of the box). На тој начин, поставуваме пристап во размислувањата кај децата со помош на кој ќе бидат фокусирани кон тоа како да успеат во животот, докажувајќи дека секогаш има повеќе точни начини за решавање на проблемот. Но, не само во проблемот кој го имаат како предмет за изучување, туку и во предизвиците на животот, велaт претставниците на e² Young Engineers Skopje Macedonia.

Основна цел на програмите е да се илустрираат инженерските принципи преку експерименти и демонстрирање, да ги направат децата да станат паметни и креативни генијалци кои ќе ги претставуваат следните генерации иноватори, научници и програмери.

Натпреварот се одржа на Факултетот за електротехника и информациски технологии.

„Ваквите натпревари овозможуваат децата да слушнат или да влезат во магијата на инженерството. На ваков начин, уште од најмали нозе, им се открива сосема нов свет и преку натпревар, тие се борат да стекнат што е можно повеќе знаења. Исто така, дел од овие дечиња ќе бидат наши идни студенти. Им честитам на добитниците“, вели деканот на ФЕИТ, професор д-р Димитар Ташковски.

STEM значи интердисциплинарно изучување на наука, технологија, инженерство и математика или накратко STEM (Science, Technology, Engenieering, Mathemathics).

copy_of_1.jpg

4.jpg