Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Стипендии од Сојузното министерство за наука и истражување на Австрија

Стипендии од Сојузното министерство за наука и истражување на Австрија

Амбасадата на Република Австрија во Скопје известува дека австриското Сојузно министерство за наука и истражување доделува стипендии за студенти, постдипломци и научници за академската 2012/2013 година.

Конкурсот за стипендиите е објавен во форма на банка на податоци за стипендии на австриската служба за размена, на адреса http://www.grants.at. Задолжително е поднесување на електронско барање за конкурсот (http://www.scholarships.at) за стипендиите за академската година 2012/2013.