Стипендии од ЕВН Македонија за уште два студенти од енергетските насоки на ФЕИТ
Уште двајца студенти во завршни студиски години од енергетските насоки на Факултетот за елктротехничка и информатичка технологија (ФЕИТ) - Скопје десет месеци ќе добиваат стипендии од „ЕВН-Македонија“ во износ од по 6.000 денари и можност да посетуваат практична настава.
Компанијата две години доделува стипендии на студенти од електротехничките факултети за да ги мотивира младите да се образуваат и усовршуваат во енергетскиот сектор. Во заеднички проект со ЕЛЕМ и МЕПСО, „ЕВН Македонија“ годинава додели 12 стипендии на студенти во прва студиска година на ФЕИТ. Минатата година, пак, четири студенти добија подршка на ЕВН. Студентите стекнаа и практично искуство во компанијата, а за успешните кои го задржаа просекот од 8.00 стипендирањето продолжи и оваа година.