Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Средното електротехничко училиште на Град Скопје “Михајло Пупин” – Скопје додели Благодарница на ФЕИТ

Средното електротехничко училиште на Град Скопје “Михајло Пупин” – Скопје додели Благодарница на ФЕИТ

Средното електротехничко училиште на Град Скопје “Михајло Пупин” – Скопје додели Благодарница на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје како признание за поддршката која ја даде за организирање на манифестацијата “Денови на електротехниката”, а која се одржа од 22.05.2012 до 25.05.2012. На оваа манифестација која по прв пат беше организирана во Град Скопје учество зедоа 49 училишта. Натпреварот се одвиваше во групи од по тројца ученици на проблеми од предметот физика од тематиката на електротехниката.

Факултетот за електротехника и информациски технологии ќе продолжи и понатаму да ги подржува ваквите позитивни иницијативи за подготовка на идните истражувачи, иноватори и афирматори во областите на електротехниката и информациските технологии.

 

DSC04312.JPG