Средба помеѓу академскиот и бизнис секторот од областа на телекомуникациите
Целта на оваа средба беше размена на идеи и искуства за посоодветно структуирање на студиите по телекомуникации, во насока на добивање поквалитетни студенти кои им се потребни на компаниите од телекомуникацискиот сектор.
На средбата се спроведе сеопфатен и детален дијалог, каде претставниците од бизнис секторот ги пренесоа своите досегашни искуства со електроинженерите кои дипломирале телекомуникации на ФЕИТ. Тие ги нагласија своите главно позитивни искуства со студентите, но и укажаа на неопходните подобрувања на студиската програма, од аспект на конкретните потреби на нивните компании и институции.
Беше договорена конкретна идна соработка помеѓу Институтот и компаниите, со цел студентите да стекнуваат што поголеми практични знаења во текот на самото нивно студирање, со што значително би се олеснило нивното вработување во овие компании веднаш по дипломирањето.