Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Соопштение за пријавување испити

Соопштение за пријавување испити

Пријавување на испити за АВГУСТОВСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА за студентите од прв циклус на студии ќе се врши во два термина и тоа:

Пријавување на испити за АВГУСТОВСКАТА ИСПИТНА СЕСИЈА за студентите од прв циклус на студии ќе се врши во два термина и тоа:

I термин за пријавување од 20.06 до 24.06.2011 год.
II термин за пријавување од 03.08 до 05.08.2011 год.

Пријавувањето е во сандачињата пред Студентска служба според соодветната студиска година.

За пријавување на испити потребно е:

1. Пријавите со захефтана уплата од 50,оо ден. за административна такса да се ставаат во сандачето од соодветната студиска година.
2. Уплатница во износ од 300,00 ден. ако испитот се полага повеќе од три пати (не важи за студентите по ЕКТС).

По овој рок студентите може да пријават испит со надомест од 400,00 ден. најдоцна до два дена пред одржување на испитот.

Напомена: Пријавите да бидат пополнети од двете страни со сите податоци што се бараат, обврзно да се пишува студиската програма (студиска програма е: ЕЕС, ЕЕиУ, КИЕЕ, ЕЕУ, ЕРПС, ТК, ИКИ, КСИА и ИНФО, а не ЕКТС, тоа е начин на студирање). Пријавата да биде надолжно превиткана со тоа што уплатата за административна такса да дојде од внатрешната страна.


Скопје, 16.06.2011 година                                                   ОД СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА