СООПШТЕНИЕ за изјаснување на студентите од студиските програми ИКИ и ИНФО во врска со изборот за понатамошно студирање
Изјаснувањето каде ќе го продолжат своето образование студентите ќе го направат преку потпишување изјава. Изјавата ќе се потпишува во два идентични примерока (еден за ФЕИТ и еден за ФИНКИ).
Изјаснувањето ќе се одвива во периодот од 01.09.2011 до 16.09.2011 во библиотеката во термини од 11:00 до 13:00 часот. Поради ова уписот на зимскиот семестар за студентите од студиските програми ИКИ и ИНФО ќе трае до 16.09.2011.
Би сакале да нагласиме дека со заложба на двата факултета, во интерес на студентите, е направен заеднички договор со што без разлика за што ќе се одлучите, тоа нема да влијае на условите и квалитетот на Вашето понатамошно студирање. Делови од тој договор се дадени во продолжение.
Извадок од договорот за уредување на взаемните односи на ФЕИТ и ФИНКИ