Саем на студии во Франција и франкофонски студии во регионот за 2011 година
Ве известуваме дека на 25-ти октомври 2011 година во 12.30 часот во Домот на АРМ во Скопје, Амбасадорот на Република Франција во Република Македонија официјално ќе го отвори Саемот на студии во Франција и франкофонските студии во регионот за 2011 година.
На овој саем ќе бидат презентирани универзитетите од Франција и оние од јужниот регион на Балканот кои нудат франкофонски студии и истите ќе ги претстават своите студиски програми. Заинтересираните ќе можат да добијат информации и за општите услови за студирање во Франција, но и за различните програми за стипендии достапни на студентите од нашата земја за завршување на дел од нивните студии во Франција.