Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Робомак 2014 Петто јубилејно издание на RoboMac

Петто јубилејно издание на RoboMac

Семинарот за роботика, програмирање и вештачка интелигенција - RoboMac 2014, заврши. Финалниот натпревар се одржа во преполнетата сала во Домот на АРМ, исполнета со позитивна атмосфера и натпреварувачки дух. Учесниците, оваа година вкупно 100 студенти (66 од македонските технички факултети и 34 студенти од различни европски држави), се натпреваруваа во пет категории: сумо, трка, роботска рака, хуманоид и категоријата која беше новитет за оваа година- right target.

  • Во првата категорија – Сумо- роботите беа програмирани да го истуркаат противничкиот робот надвор од рингот. Во интерес на времетo, првично се одржаа преквалификации, па од шесте екипи понатаму се квалификуваа  четири. Oваа година победи тимот 50 Shades of Sumo, составен од: Рафал Ниски (Полска), Евгенија Стеваноска, Љубен Јоскоски и Кристијан Спировски.

1

  • Во втора категорија – Трка- учествуваа пет екипи кои имаа за задача својот робот од тип Pololu 3pi, да го програмираат така за да може брзо, прецизно и стабилно да ја следи зададената патека. Најдобро време на поминување на патеката годинава имаше роботчето на тимот Fast Turtle сотавен од: Франческа Фабијано (Италија), Зоран Ристевски и Ѓоѓи Пеев.

2

  • Категоријата -Роботска рака- годинава имаше компетитивен карактер и беше составена од два дела. Во неа меѓусебно се натпреваруваа два тима. Првиот дел се состоеше од зададена задача при која натпреварувачите треба да соберат сума од точно 79 денари, претходно поставени на соодветен постамент,  за точно определено време. Вториот дел беше можност учесниците да ја искажат својата креативност и да ја импресионираат публиктата. Па така раката на победничкиот тим во чест на празникот на жената делеше ружи на дел од понежниот пол на публиката, а роботската рака на спротивниот тим кршеше стапчиња во карате стил. Сепак наградени беа Павел Ташков, Патриција Рамос (Шпанија), Ѓорѓи Спиркоски, Александар Мелов и Петар Досев од тимот Johny.

3

  • Новата категорија - Right Target - за оваа година се чинеше најтешка за натпреварувачите. Роботите се движеа по зададена патека на чиј што четири излези се наоѓаа балони во четирите бои. При доаѓањето до одреден балон, роботите требаше да препознаат дали тој балон е на ред за да се пукне според однапред зададената секвенца. На оваа задача најадекватно одговори екипата Speedy, во состав од Бобан Сарваноски, Драгутин Овески (Хрватска), Зорица Делиќ (Босна).

4

  • Како и секоја година, на крај се претставија тимовите од категоријата која е најинтеерсна за публиката- Хуманоид-. Трите екипи имаа за задача да го програмираат роботот, да извршува комплексни движења придружени со соодветна музика во позадина, која е личен избор на секој тим. Хуманоидните роботи настапуваа еден по еден, но по реакцијата на публиката  екипата The Blue team имаше најкреативно и најатрактивно решение на овој предизвик. Наградени во оваа категорија беа студентите: Елени Гроздани, Александар Ставриќ, Елена Ристовска, Елена Мишевска и Благој Стојменовски.

5

Пред почетокот на натпреварувањата, на Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ му беше врачена наградата „Darrel Chong Student Activity Award“, што, всушност, претставува признание за RoboMac од светската организација ИЕЕЕ. Наградата ја врачи претседателот на Македонската секција на ИЕЕЕ- проф. д-р Љупчо Караџинов.

“Огромно задоволство беше да се прими награда од најголемата светска организација за инженери- ИЕЕЕ, која во RoboMac препозна настан достоен за едно вакво признание. Впрочем наградата заедно со задоволните учесници на крајот од настанот се поттик наредната година да се организира настанот на едно академски покомплексно и повисоко ниво” - објаснува Маја Целеска, претседател на студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ.

6

RoboMac2014 година претставува микс на зњаење и практично искуство во областа на роботиката, можност за работа на студенти од Македонија и од цела Европа.

„Предавањата на кои учествуваме на RoboMac 2014 ги дополнија и подобрија нашите знаења во роботиката. Ова, дефинитивно, беше најинтересниот настан, иако досега сум бил на слични настани низ Европа. Работевме тимски, запознав нови колеги од цела Европа, го зголемив моето искуство“, вели Пати Рамос, учесник од Шпанија и еден од наградените студенти.

7

Организаторите на настанот Студентскиот огранок на Македонската секција на ИЕЕЕ, ЕЕСТЕК ЛК Скопје и СПФЕИТ,  како и домаќинот на настанот Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, им благодарат на сите учесници, предавачи и спонзори што беа дел од уште еден успешно завршен RoboMac . Особена благодарност до публиката која оваа година беше во рекорден број, ве покануваме и наредната година да бидете дел од саемот за роботика, програмирање и вештачка интелигенција.

ГАЛЕРИЈА

Од медиумите:

http://www.dnevnik.mk/?ItemID=27B37792381B57459573ED3CD1C3B04E

http://republika.mk/?p=214548

http://magazine.danaucime.mk/golemo-finale-na-robomak/

http://grid.mk/news/507058539/zavrshi-robomak-2014