Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Промоција на програмата за размена ERAZMUS MUNDUS

Промоција на програмата за размена ERAZMUS MUNDUS

Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје ве поканува на промоцијата на програмата за размена на студенти - ERAZMUS MUNDUS, наменета за техничките факултети.

Промоцијата ќе се одржи на 27-ми октомври 2011 год., четврток, од 14:00 до 16:00 часот во Амфитеатарот на ФЕИТ и е наменета за студентите од додипломски студии. Програмата за мобилност и можностите за добивање на стипендии ќе бидат презентирани од претставници на конзорциумот кој го сочинуваат повеќе европски универзитети.

По самата презентација, претставниците на конзорциумот ќе бидат отворени за дискусии и прашања во врска со програмата и можностите и условите за стипендирање.