Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Претставување на ФЕИТ на свечено одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 2012 година, на 9.11.2012г. во Ректоратот на УКИМ

Претставување на ФЕИТ на свечено одбележување на Светскиот ден на науката за мир и развој 2012 година, на 9.11.2012г. во Ректоратот на УКИМ

По повод Светскиот ден на науката за мир и развој, во Ректоратот на УКИМ се организираше изложба на постери за научно-истражувачките проекти финансирани од средствата од интегративните функции на Универзитетот по Конкурсот за научноистражувачки проекти за 2011 година и промоцијата на брошурата на научните проекти финансирани од интегративните функции на Универзитетот по Конкурсот за научноистражувачки проекти за 2011 година; како и изложба на научните трудови публикувани од наставноистражувачкиот кадар на Универзитетот во календарските 2010, 2011 и 2012 година. Факултетот за електротехника и информациски технологии, заедно со сите други единици од Универзитетот, успешно се претстави на овој настан со своите врвни научни достигнувања. Имено, во изминатиот период од три години, автори од ФЕИТ објавија повеќе од 700 научни трудови, од кои повеќе од 120 во меѓународни списанија, повеќе од 400 на меѓународни конференции и повеќе од 200 на национални и регинални конференции. На изложбата на трудови, во печатена форма беа изложени преку 60 избрани трудови објавени во меѓународни списанија со фактор на влијание. Исто така, беа изложени и неколку научни монографии објавени од странски издавачи, како и зборници на трудови од конференции организирани од ФЕИТ. Во рамките на изложбата на постери, ФЕИТ се претстави со постер за проектот „ Имплементација на мултифункционален систем за едукација, истражување и промоција на обновливи извои на енергија“, финансиран од средствата од интегративните функции на Универзитетот. Сето ова ја потврдува водечката позиција на ФЕИТ како врвна научно-истражувачка установа во РМ.

На настанот се обратија министерот за образование и наука, ректорот и проректорот за наука на УКИМ, а присуствуваа деканите на факултетите, директорите на институтите, продеканите, професорите, истражувачите и претставници од медиумите.

 

photo1.JPG

photo3.JPG

 

photo4.JPG