Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Потпишан меморандум за соработка помеѓу ФЕИТ и Советот за радиодифузија

Потпишан меморандум за соработка помеѓу ФЕИТ и Советот за радиодифузија

На 20 јули 2012 година ФЕИТ и Советот за радиодифузија потпишаа меморандум за соработка.

copy3_of_slika1.jpg

Главните области предвидени со меморандумот за соработка што го потпишаа Деканот на ФЕИТ, проф. д-р Миле Станковски и претседателот на Советот за радиодифузија, м-р Зоран Трајчевски, се унапредувањето на соработката во воведувањето на дигиталната телевизија, размена на знаења, учество во научно-истражубачки проекти и овозможување пракса за студентите.

„Од големо значење за нас ќе биде, доколку наставно-научниот кадар на ФЕИТ учествува во изработувањето на Стратегијата за развојот на радиодифузната дејност за периодот 2013 - 2017. Знаењата, искуствата и експертизите од овој факултет ќе придонесат кон значително квалитативно унапредување на регулативната рамка во динамичната медиумска сфера.“ – рече претседателот на СРД, м-р Трајчевски.

copy3_of_slika2.jpgПрофесорите и студентите од ФЕИТ  на делегацијата од СРД им ги покажаа и од неодамна модернизираните лаборатории со кои располага факултетот како и актуелните проекти на кои се работи, како што е софтверот за препознавање различен вид на програмски содржини, системи за мониторинг на фреквенции, апликативни решенија за конверзија на содржини од дводимензионална во тридимензионална телевизија и др.

СРД и ФЕИТ наскоро ќе воведат и редовна програма за студентска пракса, така што студентите од ФЕИТ ќе можат одблизу, преку практичен ангажман, да се запознаат со работењето на СРД.