Посета и одржано предавање на проф. А.Л.Гарсија од Универзитетот во Торонто, Канада
Во амфитеатарот на ФЕИТ, на 1.11.2018 година проф. Алберто Леон Гарсија, одржа јавно предавање на тема:
Autonomous Mobility and Energy Service Management in Future Smart Cities: An Overview
Проф. Гарсија и е познат на македонската инженерска јавност преку предходни предавања и учество на конференции каде одржал воведни поканети предавања, како и преку објавените книги по кои се учи на голем број светски универзитети и кај нас. Проф. Гарсија бил главен дизајнер и прв директор на канадската академска мрежа SAVI, како и научен директор на NSERC (Strategic Network for Smart Applications on Virtual Infrastructures).
Предавањето беше организирано во соработка на истражувачката Wingroup при Институтот за телекомуникации на ФЕИТ и IEEE македонскиот оддел за телекомуникации на IEEE. Предавањето побуди голем интерес помеѓу студентите, професорите и колегите кои работат во областа на ИКТ и современите комуникациски системи.
Проф. Гарсија ја посети Лабораторијата за безжични и мобилни мрежи при Институтот за телекомуникации и присуствуваше на презентации на нивните тековни истражувања. Деканот на ФЕИТ го прими проф. Гарсија и организаторите на предавањето на краток разговор.