Одржан летен курс од применетa математика
Во периодот од 14 до 15 јуни 2018 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, се одржa летен курс “An Introduction to Frame Theory and the Large Time/Frequency Analysis Toolbox”.
Летниот курс се реализираше во рамките на билатералниот македонско-австриски научноистражувачки проект “Frame theory and asymptotic analysis”, a oрганизатори на курсот беа вон. проф. д-р Катерина Хаџи-Велкова Санева и доц. д-р Сања Атанасова. Предавачи беа проф. д-р Диана Стоева и д-р Зденак Пруса од Истражувачкиот институт за акустика при Австриската академија на науки.
Курсот го следеа професори и соработници од ФЕИТ, како и докторанти, магистранти и студенти. Слушателите се стекнаа со основни знаења од теорија на рамки, со посебен осврт кон Габор и вејвлет рамки, рамка оператори, дуални рамки и реконструкција со рамки, кои имаат голема примена во електроинженерството. Теоретските предавања беа комбинирани со практични вежби во Large Time/Frequency Analysis Toolbox (LTFAT) кој е Matlab/Octave toolbox наменет за временско-фреквенциска, вејвлет, и општа рамка анализа и синтеза.