Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ

НОВИ СТУДИСКИ ПРОГРАМИ НА ФЕИТ

Во согласност со традицијата на ФЕИТ секогаш да се биде во чекор со најновите трендови од светот на науката и техниката и имајќи ги предвид интересите на студентите, како и потребите на нашата заедница обновени се сите студиски програми на додипломските студии на факултетот. Во новите студиски програми, чија акредитација е добиена во март 2012 година, се запазени сите принципи за организирање на наставата според законот за високо образование. Во таа смисла во студиските програми бројот на задолжителни предмети е ограничен на 60% од сите предмети, додека остатокот го сочинуваат 30% изборни предмети коишто студентите самостојно ги избираат од редот на сите наставни предмети застапени на ФЕИТ и 10% изборни предмети коишто студентите самостојно ги избираат од заедничката универзитетска листа на изборни предмети. Освен тоа, посебен акцент е ставен на зголемениот удел на практична работа во рамките на предметите и е воведена задолжителна едномесечна практична работа во индустријата во секоја учебна година.

Новите студиски програми се развиени во согласност со критеримите, задачите и целите на ФЕИТ за задржување на високи стандарди во образување квалитетни кадри. Тие се конципирани врз искуството во изведувањето на наставата во изминатите педесет години, од нивното постојано унапредување и од континуираната соработка со стопанството. Со воведувањето на седум студиски програми во целост се изменуваат и дополнуват досегашните, притоа задржувајќи ги старите содржини и проширувајќи ги со нови, модерни и актуелни теми, кои веруваме дека ќе наидат на голем интерес кај студентите.

Повеќе информации за уписот на ФЕИТ и генерално за студиските програми можете да добиете на cns@feit.ukim.edu.mk.

Реализацијата на новите програми започнува од учебната 2012/2013 година, па затоа особено ги охрабруваме матурантите заинтересирани за упис на ФЕИТ да ги разгледаат програмите кои се дадени подолу:

OznakizanasokizabrosuraEAOIE1.jpg Електроенергетика, автоматизација и обновливи извори на енергија (ЕАОИЕ)

OznakizanasokizabrosuraEES1.jpg Електроенергетски системи (ЕЕС)

OznakizanasokizabrosuraEEUM1.jpg Електроенергетика, управување и менаџмент (ЕЕУМ)

OznakizanasokizabrosuraKSIAR1.jpg Компјутерско-системско инженерство, автоматика и роботика (КСИАР)

OznakizanasokizabrosuraKTI1.jpg Компјутерски технологии и инженерство (КТИ)(предмети по студиска година)
OznakizanasokizabrosuraKHIE1.jpg Компјутерско хардверско инженерство и електроника (КХИЕ)

OznakizanasokizabrosuraTKII1.jpg Телекомуникации и информациско инженерство (ТКИИ)