Натпревар БИЗНИС ПЛАН за ПРОМОЦИЈА НА ФЕИТ
Успешната соработка помеѓу Факултетот за електротехника и информациски технологии - Скопје и СУГС “Раде Јовчевски - Корчагин” беше крунисана со натпреварот за најдобар бизнис план кој се одржа во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии – Скопје на ден 29.03.2012 (четврток).
На овој натпревар учество зедоа членовите на Кариерниот Центар при гимназијата “Раде Јовчевски - Корчагин“ во Скопје и од вкупно седум екипи, во финалниот дел влегоа трите најуспешни. Екипите беа во состав:
ЕКИПА 1:
-
Мартин Матески
-
Душан Тајковски
-
Марко Јосимовски
ЕКИПА 2:
-
Филип Симјаноски
-
Кристијан Поповски
ЕКИПА 3:
-
Симона Стојановска
-
Бонита Колевска
-
Шерафедин Мустафа
-
Андреј Георгиевски
Презентациите се состоеа од еден поинаков поглед кон претставувањето на еден факултет, односно она што средношколците сакаат да го чујат и да го знаат пред да одлучат каде би студирале. Особен акцент трите екипи ставија на информирањето и пренесувањето на информации преку оние медиуми кои оваа група млади луѓе најмногу ги користи и на кои е најприсутна - веб порталите, блоговите, и неизбежните “пријатели” на тин-генерациите: FACEBOOK и Twitter. Презентациите беа на високо професионално ниво , со јасни симболи и чиста порака: БИДИ ИНЖЕНЕР, АМА ЕЛЕКТРО!
Презентирањето на трите нацрт-бизнис планови беше премногу успешно. Членовите на комисијата составена од два члена од Гимназијата и три члена од Факултетот, како и публиката беа фасцинирани од подготвеноста на средношколците и нивното презентирање, како визуелно така и вербално. Одлуката кој да биде победник беше навистина тешка, така што на крајот комисијата одлучи дека треба да има едно прво и две втори места. Победници на овој натпревар беа членовите на екипата со број 3.
Деканатот на ФЕИТ на сите учесници им додели пригодни награди.
На сите учесници им благодариме за учеството и за прекрасните презентации. Ни беше чест и задоволство да соработуваме со овие успешни средношколци и се надеваме дека ќе се гледаме и во иднина со нив, и тоа како дел од ФЕИТ.