МЕПСО стипендира новозапишани студенти на енергетските студиски програми
По АД ЕЛЕМ и ЕВН Македонија, кон стипендирањето на студенти со постигнати одлични резултати во текот на средното образование се вклучи и Македонскиот електропреносен систем оператор – МЕПСО, со стипендирање на 5 студенти од прва година, и тоа со месечна стипендија од 6.000,00 денари за 10 месеци во текот на секоја студиска година.
Конкурсот за доделување на стипендиите ќе се распише во почетокот на 2012 година. Стипендиите ќе се доделат на студентите кои постигнале високи резултати во текот на средното образование, како и во текот на првиот семестар. Доделените стипендии ќе важат ретроактивно од почетокот на учебната година, односно со важност од 15. септември 2011 год.
ФЕИТ и МЕПСО потпишаа Меморандум за соработка
Деканот на Факултетот за електротехника и информациски технологии, проф. д-р Миле Станковски и генералниот директор на АД МЕПСО, г. Дејан Бошковски на 15.08.2011 година потпишаа меморандум за соработка помеѓу Факултетот и Компанијата.
Со овој договорот се предвидува научна-стручна и техничко-технолошка соработка за реализација на заеднички проекти од делокругот на работа на ФЕИТ и МЕПСО. Посебен акцент ќе се стави на развојно-истражувачките проекти кои ќе се реализираат преку соработка на експертски и професионални тимови, како и преку научно-истражувачка работа во рамките на магистерските и докторските студии организирани на Факултеот.
Договорот предвидува и реализација на студентски пракси кои студентите на Факултето ќе ги реализираат во електроенергетските објекти на АД МЕПСО, како и подршка на најдобрите студенти по пат на нивно стипендирање.