Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Менаџментот на Македонски Телеком на средба со Деканатот и студените на ФЕИТ

Менаџментот на Македонски Телеком на средба со Деканатот и студените на ФЕИТ

Факултетот за електротехника и информациски технологии беше домаќин на првите луѓе на најголемиот оператор за електронски комуникации во Македонија, Македонски Телеком. На средбата се разговараше за можностите за соработка меѓу двете институции во делот на образованието, практичната настава и други заеднички проекти.

По оваа средба, менаџментот на Македонски Телеком, кој е дел од глобалниот телекомуникациски лидер, Deutsche Telekom, се сретна со студентите на ФЕИТ, кои според нив, се идните лидери во областа на телекомуникациите и затоа им понудија практично работно искуство кое ќе ја зголеми можноста за вработување.

Според професорот Борислав Поповски, раководител на Институтот за телекомуникации при ФЕИТ, телекомуникациите се област кои имаат огромен технолошки развој.

„Поради ова, наша интенција е заедно со партиципиентите во индустријата да работите на практични проекти уште во текот на студиите, во рамки на наставата и при апсолвентските денови. Од настанот кој се организираше минатата година, на праска во Македонски Телеком беа 14 или 15 студенти, а веќе 5 од нив се вработени во оваа компанија. Затоа и нам ни е важно да ја прошириме и продлабочиме нашата меѓусебна соработка“, рече Поповски во обраќањето пред студентите и пред менаџментот на Македонски Телеком.

Тој повтори дека ФЕИТ го прави иновацискиот хаб ИНОФЕИТ, каде младите може да работат на различни проекти заедно со чинителите од индустријата и науката.

За Андреас Елснер, главен извршен директор на Македонски Телеком, присуството на  менаџментот на компанијата на ФЕИТ, всушност, ја изразува нивната сериозност во поддршката на студентите.

„Индустријата се менува и развива согласно потребите на кoрисниците. Нашата идеја не е само да избереме студенти коишто се подготвени да бидат дел од дигиталната трансформација на општеството и ќе ги развијат своите професионални вештини, туку заедно со Македонски Телеком да понудиме решенија со кои што ќе им го олесниме и подобриме дигиталниот живот на сите околу нас“, истакна Елснер во својот инспиративен говор пред студентите повикувајки ги да станат дел од тимот на Македонски Телеком.

prez.telekom.jpg

 

prof.popovski.jpg

 

prof.risteski_popovski.jpg

 

studenti.jpg

 

viktor.jpg