Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости Меѓународен саем за образование и кариера

Меѓународен саем за образование и кариера

Драги матуранти,

Ве покануваме на 15. Меѓународен саем за образование и кариера кој се одржува од 25-ти до 28-ми април 2012 година на Скопскиот саем. Како и изминатите години, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје има чест да ви ги претстави своите факултети и да ве информира за студирањето на овој престижен универзитет.

ФЕИТ со нетрпение ве очекува на штандот на УКИМ. Нашите претставници се подготвени да ве посоветуваат за вашите студии, да ве информираат за начинот на студирање на нашиот Факултет, да ви ги претстават студиските програми и да одговорат на сите ваши прашања.

Информирајте се на време и изберете ја вистинската насока.Ова се Денови на кариера и образование - повелете и посетете нè!

 

e_obrazovanie_2012.png