Летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“
Од 04.07 до 08.07 на ФЕИТ ќе се одржи летна школа „Дизајн на вградливи микрокомпјутерски системи“ во рамките на DAAD проектот "Embedded System Design". Предавања ќе одржат колеги од IHP Microelectronics - Frankfurt (Oder), Електронскиот факултет во Ниш, Електротехничкиот факултет во Источно Сарајево, ФЕИТ и инженери, специјалисти во областа, од Сеавус - Скопје и СиВа - Скопје. Школата е отворена за сите заинтересирани, а за дваесет студенти на додипломските студии предвидена е можност да добијат еден ЕКТС кредит со изработка и презентација на микропроект.Имено, тие можат да се пријават со пополнување и испраќање на формулар. Агендата е дадена како линк.