Конкурс за мобилност во рамки на програмата LLL Erasmus
ЕРАЗМУС - ПРОГРАМА ЗА МОБИЛНОСТ НА СТУДЕНТИ
УНИВЕРЗИТЕТОТ „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“ ВО СКОПЈЕ
објавува
КОНКУРС
ВО РАМКИ НА ПРОГРАМАТА ЗА МОБИЛНОСТ ЕРАСМУС LLL
за академската 2012/2013 година
Во рамки на програмата Ерасмус ЛЛЛ која е дел од програмата за Доживотно учење на Европската комисија, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ распишува конкурс за доделување стуипендии за студенти и наставен кадар за реализирање на студиски престој на високообразовна институција во ЕУ.
На конкурсот можат да се пријават само студенти со македонско државјанство кои во моментот на реализирање на мобилноста се запишани најмалку на втора година студии.
Времетраење на мобилноста за студенти: еден или два семестри.
Времетраење на мобилноста на наставниот кадар: 1 недела (минимум пет работни денови).
Потребни документи за мобилност на студенти:
Сите документи за аплицирање се достапни на интернет-страницата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“:http://www.ukim.edu.mk/mk_content.php?meni=42&glavno=42
Мобилноста се остварува во рамки на потпишани Еразмус билатерални договори помеѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и универзитети од земјите членки на Европската унија, (Види листа на потпишани Еразмус билатерални договори)
- Пополнет формулар за пријавување (Student Application Form)
- Договор за студирање (Learning Agreement) во кој се утврдува програмата за студирање која треба да се следи, одобрена од страна на студентот, матичната институција/Еразмус координаторот и институцијата во странство
- Уверение за положени испити (преведено на англиски јазик)
- Најмалку една препорака
- Уверение за познавање на јазикот на кој се изведува наставата на ЕУ универзитетот
- Уверение за редовен студент
Потребни документи за мобилност на наставен кадар:
- Пополнет формулар за пријавување (Staff Application Form)
- Наставна програма/работен план
- Потврда од факултетот за статус на вработен во рамки на институцијата
Висината на стипендијата за студенти изнесува 355 ЕУР месечно. Патните трошоци и здравственото осигурување го покриваат лично кандидатите.
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно утврдените критериуми. Студентите лично ја поднесуваат апликацијата до Еразмус координаторот на факултетот каде студираат (Види листа на Еразмус координатори по факултети).