Изложба на проекти од млади истражувачи – наука на младите во народната канцеларија на претседателот на Република Македонија
По повод Светскиот ден на науката на 09 ноември 2012 година во Народната канцеларија на Претседателот на Република Македонија во Скопје, се одржа изложба на проекти на млади истражувачи – НАУКА НА МЛАДИТЕ.
На изложбата беа презентирани повеќе од триесет проекти на средношколци кои што се здобиле со награди на Државните натпревари на младите истражувачи од Република Македонија, организирани од Сојузот на здруженијата на младите истражувачи - Наука на младите и Народна техника на Македонија, како и проекти на студентите од Факултетот за елетротехника и информациски технологии, при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.
Изложбата ја отворија проф. д-р Христина Спасевска, претседател на Народна техника и проф. д-р Миле Станковски, декан на Факултетот за елетротехника и информациски технологии. Тоа беше одлична можност на едно место да се најдат младите истражувачи од основните и средните училишта, како и младите научници од факултетите каде размнија искуства и мислења, но и да иницираат понатамошни заеднички проекти.
Повеќе информации може да се најдат на веб страната на Претседателот на Република Македонија http://www.president.mk
Од печатот: