Лични алати
Пријави се
Трага: Дома Новости И ФЕИТ со свои претставници на Скопскиот маратон

И ФЕИТ со свои претставници на Скопскиот маратон

На 06.05.2012 година, недела, со почеток во 09:00 часот се одржа традиционалниот Скопски маратон во чии рамки се трчаа маратон (42km), полумаратон (21km) и трка на 5 km која е од масовен, рекреативен и хуманитарен карактер. На маратонот се натпреваруваа 180 натпреварувачи, а за полумаратонот стартуваа 370 натпреварувачи. Најмногу тркачи по скопските улици имаше за трката на 5.000 метри, каде што стартуваа околу 3.000 натпреварувачи. Средствата од котизацијата за Хуманитарната трка ќе бидат донирани во Црвениот крст на Град Скопје за опремување на Центарот за бездомници.

И оваа година група рекреативци од ФЕИТ (дел од наставниот кадар и неколку студенти) учествуваа на трката од 5km.

  1. Александар Ристески

  2. Александра Матеска

  3. Маре Србиновска

  4. Весна Андова

  5. Славче Пејоски

  6. Милан Захариев

  7. Михајло Павлоски

  8. Билјана НачевскаНастовска

  9. Александар Панчевски

  10. Тамара Панчевска

  11. Ивана Ристовска

  12. Фросина Атанасова

 

Иницијативата беше поддржана и од Деканатот на Факултетот.

maraton1.jpg

maraton2.jpg

maraton3.jpg