ФИНАЛЕ RoboMAC 2019
Ги повикуваме сите ентузијасти и љубители на роботиката да ни се придружат на големото финале на RoboMac 2019 на 23-ти март во 18 часот во Дом на АРМ.
 RoboMac е меѓународен натпревар во областа на роботиката, електрониката и вештачка интелигенција.
 Категориите во кои учесниците се натпреваруваат се: 
 Robotic Arm - да се програмира за да изгради кула од различни предмети 
 Sumo - два роботи се борат помеѓу себе со цел едниот да биде исфрлен од рингот;
 Line Follower - категорија наменета за хардвер ентузијасти во која натпреварувачите ќе создадат комплетно хардверско, како и софтверско решение на робот кој ќе следи линија;
 Maze - роботи кои со помош на алгоритми ќе решаваат едноставни и комплексни лавиринти;
 AI Football - интелигентни агенти кои со помош на алгоритми за вештачка интелигенција ќе се натпреваруваат меѓу себе во симулација на фудбалски натпревар;
 Sphero - роботска топка која со помош на камера и дигитално процесирање слика ќе селектира кои препреки ќе ги избегнува а кои ќе ги турка.
 
 Ве очекуваме!
 Влезот е СЛОБОДЕН.






