ФЕИТ стана партнер во проектот BUILD UP Skills во програмата Intelligent Energy Europe (IEE)
Факултетот за електротехника и информациски технологии стана партнер во проектот BUILD UP Skills во програмата Intelligent Energy Europe (IEE), заедно со Стопанската комора на Македонија, Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Градежниот институт и консултанската компанија „Креација“. Координатор од ФЕИТ е вон. проф. Христина Спасевска.
Проектот ќе ја дефинира на постоечката состојба во градежниот сектор по однос на работните вештини кои ги имаат стручниот и високообразовниот кадар се со цел постигнување на целите 20/20/20 од Кјото Протоколот. Врз основа на добиената анализа ќе бидат дефинирани образовни програми за долгорочно учење, како и воведување нови дисциплини во средните училишта и факултетите за надградба на нивните вештини и знаења од областа на енергетска ефикасност и обновлвивите извори на енергија.
На овој начин Македонија ќе ги зголеми шансите за постигнување на зацртаните цели по однос на намалената потрошувачка на електрична енергија како и учеството на обновливите извори во вкупно произведената енергија. Истовремено овој проект ќе допринесе за исполнување на целите и обврските на Македонија до 2020 година, согласно Стратегијата за унапредување на енергетската ефикасност. Активностите во проектот ќе се реализираат во координација со уште 30 конзорциуми од Европа.