Факултетот доби две нови лаборатории по модерна физика
ФЕИТ доби две нови лаборатории по модерна физика како грант од Меѓународната агенција за атомска енергија, во рамките на меѓународниот проект „Подобрување на едукативните можности и можностите за обука во нуклеарната физика и нејзините апликации“.
Лабораториите содржат експериментални вежби на кои ќе работат студентите од прва година по предметот Физика 2. Овие вежби ќе им овозможат на студентите полесно совладување на феномените од модерната физика со цел добивање на практични знаења и нивна примена во електротехниката и информациските технологии.