Добиена награда на LabVIEW online натпревар на член на истражувачката група WinGroup
Константин Чому, член на истражувачката група WiNGroup при Институтот за Телекомуникации на ФЕИТ, на 08.12.2011 освои награда во натпревар за најдобро изработени LabVIEW проекти организиран од National Instruments.
Натпреварот беше одржан во рамките на вториот online курс за студенти и едукатори „Second NI Online Training for Students and Educators”. На овој натпревар беа доделени награди за трите најдобро изработени проекти (http://czech.ni.com/udalosti-akce/labview-webcast-winners). Освоената награда се состои од уред за аквизиција на податоци NI USB-6008 и лиценца за користење на „LabVIEW Student Edition”. Добиениот уред и LabVIEW софтвер ќе се користат во рамките на Институтот за Телекомуникации, а исто така и во рамките на истражувачката работа на WiNGroup којашто истражува во областа на безжичните комуникации.