Соопштение за запишување зимски семестар во учебната 2017/2018 година за студентите од прв циклус студии
С О О П Ш Т Е Н И Е
за запишување зимски семестар во учебната 2017/2018 година
за студентите од прв циклус студии
Запишувањето на зимскиот семестар за студентите од прв циклус студии во учебната 2017/2018 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ќе се врши по електронски пат, на веб адресите на информационите системи:
http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/, за студентите запишани заклучно со учебната 2011/2012 година и
www.iknow.ukim.edu.mk, за студентите запишани во и по учебната 2012/2013 година, како и студенти кои преминале на истите.
Пријавувањето по електронски пат е задолжително за сите студенти и ќе биде достапно од 5.9 до 13.9.2017 година, а доставувањето на комплетните документи ќе се врши на шалтерите од Службата за студентски прашања во периодот
од 5.9 до 13.9.2017 година
од 12:30 до 14:30 часот
Електронското пријавување е задолжително за сите студенти.
По истекот на овој рок, сите студенти уписот на семестарот ќе можат да го извршат со молба и надомест од 500,00 денари.
Студентите кои уписот на семестарот ќе го извршат електронски, а нема да ги достават документите во предвидениот рок, ќе бидат избришани од електронската евиденција, а за да го запишат семестарот ќе треба да достават молба и казна од 500,00 денари за задоцнет упис.
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Потребни документи за запишување зимски семестар:
- Индекс
- Образец А3 за запишување семестар со 50,00 ден. административна такса;
- Статистички лист за учебната 2017/2018 год. (шв-20);
- Интерен пријавен лист со предмети – истиот се пополнува и печати при електронското пријавување на http://ssluzba.feit.ukim.edu.mk/, односно www.iknow.ukim.mk.
- Уплата за партиципација (државна или квота со кофинансирање) на жиро сметката на Факултетот (види „Финансиски обврски“):
- Назив на примачот: УКИМ – Факултет за електротехника и информациски технологии
- Депонент: НБРМ
- Tрезорска сметка: 100000000063095
- Трезорска подсметка: 160010428678814
- Повикување на број: 723012, програма 41
- Цел на дознака: Партиципација за државна/кофинансирање за XY кредити
-
Уплатница во износ од 1.300,00 на истата жиро сметка (на Факултетот), со цел на дознака: Материјални трошоци. Овој износ се однесува за: тетратки за испити/колоквиуми 200,00 ден., обнова на книжен фонд 150,00 ден., солидарна одговорност 100,00 ден., колективно осигурување 100,00 ден., уверенија за редовност 100,00 ден. и материјали и опрема за лабораториски вежби и развој на компјутерска мрежа 650,00 ден.
- Уплатница за СП ФЕИТ во износ од 100,00 ден. на жиро сметка: 300000001036966, депонент: Комерцијална банка (уплатата се препорачува).
- Уплатница во износ од 750,00 ден. за Примач: УКИМ – за ИКСА, ФЕИТ, Банка: НБРМ, жиро сметка: 100000000063095, сметка за буџетски корисник: 1600103689 788 18, приходна шифра: 723012 41.
- Студентите кои се запишани на Факултетот од генерацијата 2009/2010 до генерацијата 2015/2016 година треба да достават потврда за реализирана едномесечна пракса, заверена од компанијата каде е изведена праксата и потпишана од координаторот на студиската програма. Потврда за реализирана пракса треба да достават и студентите кои преминале од старите на новите студиски програми.
- За следење на процесот на самоевалуација на ФЕИТ студентите се должни да пополнат анонимна електронска анкета за наставата во изминатиот семестар. Електронската анкета се пополнува на адресата: http://anketa.feit.ukim.edu.mk/ Електронската анкета е задолжителен предуслов за прием на документи за упис на семестар. Треба да се испринта последната страна од анкетата како доказ за изработена анкета. (Анкетата ќе биде достапна од 4.9.2017 година).
НАПОМЕНА: Сите студенти кои во јуни не го завериле летниот семестар се должни заверката да ја извршат при уписот на зимскиот семестар. Овие студенти покрај горенаведените документи треба да достават семестрален лист (образец за заверка на семестар А4) со 50,00 ден. административна такса и уплатница за извршена уплата од 500,00 ден. на жиро сметката на Факултетот со цел на дознака: задоцнета заверка на семестар.
Дополнителни информации поврзани со запишувањето зимски семестар
Правила за запишување на студенти кои студираат по ЕКТС:
- Секој студент што запишува зимски семестар е должен да изврши избор на предмети што ќе ги слуша во зимскиот семестар според следните правила:
- По правило студентот во секој семестар запишува предмети до најмногу 35 кредити;
- При запишувањето на семестарот студентот прво ги запишува неположените задолжителни предмети од претходниот зимски семестар, потоа изборни предмети од претходниот семестар (доколку не се претходно избрани, односно положени), потоа задолжителни од наредниот и на крај изборни предмети од наредниот зимски семестар;
- Студентите кои ќе сакаат да запишат поголем број кредити од 35 поднесуваат Барање за одобрување запишување поголем број кредити (во писмена форма, до Продеканот за настава на ФЕИТ, преку студентската архива на Факултетот). Условите за запишување на повеќе од 35 кредити се: положени предмети, да ги имаат освоено сите кредити од сите претходно запишани предмети и просечна оцена најмалку 8,5.
- При запишување на предметите потребно е да се исполнат предусловите дефинирани со предметните програми што се приложени во информациските пакети за секоја студиска година дадени на веб страната на Факултетот. За студентите запишани по старите наставни програми по ЕКТС (запишани студенти од учебната 2004/2005 до учебната 2011/2012) предусловите се препорачани.
- Молба за промена на веќе избран изборен предмет, студентите можат да поднесуваат најдоцна до 19.9.2017 година, односно непосредно по почетокот на зимскиот семестар со надомест од 1.000,00 денари.
Важни напомени за сите студенти што студираат по ЕКТС
- Сите студенти се должни да го достават интерниот пријавен лист испечатен од online пријавувањето. (Студентите кои немаат можност да го испечатат интерниот лист, тоа ќе можат да го направат во ФЛАОП).
- Студентите ќе може да ја посетуваат наставата само на предметите што им се одобрени од студентската служба, во паралелката и кај предметниот наставник според распределбата направена од Деканатот на Факултетот што ќе биде објавена на огласните табли на Факултетот.
- Согласно член 323 од Статутот на УКИМ и член 14 од Правилата за студирање на ФЕИТ, студентите кои запишуваат задолжителен предмет по 3-ти пат поминуваат во квота со кофинансирање.
- Студентите запишани првпат во учебната 2013/2014 година и генерациите по нив преминуваат од државна во квота со кофинансиање, ако при запишување на зимскиот/летниот семестар во наредната учебна година немаат освоено 50% од ЕКТС кредити во зимскиот/летниот семестар од претходната учебна година. Оваа одлука се однесува при запишување на сите наредни зимски/летни семестри.
ФИНАНСИСКИ ОБВРСКИ
Износ на партиципација за државна или квота со кофинансирање за РЕДОВНО запишаните студенти согласно цените на кредит по година на запишување, студиска програма и начин на студирање:
Година на запишување |
Студиска програма |
Начин на студирање |
Цена на кредит |
2004/2005 до 2011/2012 |
Сите |
Државна |
204,00 ден. |
2012/2013 до 2016/2017 |
Сите |
Државна |
205,00 ден. |
2004/2005 |
Сите |
Кофинансирање |
408,00 ден. |
2005/2006 и 2006/2007 |
ИКИ |
Кофинансирање |
510,00 ден. |
КСИА, ТК, ЕРПС |
Кофинансирање |
408,00 ден. |
|
ЕЕС,ЕЕиУ,ЕЕУ,КИЕЕ |
Кофинансирање |
310,00 ден. |
|
2007/2008 |
Сите |
Кофинансирање |
612,00 ден. |
2008/2009 и 2009/2010 |
Сите |
Кофинансирање |
612,00 ден. |
2010/2011 и 2011/2012 |
Сите |
Кофинансирање |
408,00 ден. |
2012/2013 до 2016/2017 |
Сите |
Кофинансирање |
410,00 ден. |
Примери:
Ако студент во државна квота запишува 30 кредити, неговите финансиски обрски изнесуваат:
30 x 205,00=6.150,00 денари.
Студент во квота со кофинансирање што запишува 30 кредити, треба да уплати:
30 x 410,00= 12.300,00 денари,
односно 30 х 510,00= 15.300,00 денари,
односно 30 х 612,00= 18.360,00 денари,
односно 30 х 310,00= 9.300,00 денари
Упис на семестар на студенти кои се во завршен - последен семестар од студии по ЕКТС (студенти кои ги положиле сите испити, а не го одбраниле дипломскиот труд)
- Студентите кои имаат пријавено дипломски труд и доколку истиот го одбранат до 15.9.2017 година, немаат обврска за запишување зимски семестар.
- Студентите кои го запишале дипломскиот труд во претходниот зимски семестар и истиот не го одбраниле до 15.9.2017 година, а ги имаат положено сите испити, ќе треба повторно да го запишат/пријават дипломскиот труд при што повторно уплаќаат 8 кредити и 200,00 денари (материјални трошоци) на жиро сметката на Факултетот (осигурување и уверенија за редовност), односно:
- Индекс;
- Образец А3 за запишување семестар со 50,00 денари административна такса;
- Статистички лист за учебната 2017/2018 година (шв-20);
- Интерен пријавен лист (се запишува/презапишува дипломскиот труд како задолжителен предмет);
- Пријава за дипломски труд (во четири примерока, претходно заверена во архивата на факултетот и уплата за административна такса од 50,00 денари);
- Уплата за партиципација на факултетската жиро сметка (државна или квота со кофинансирање);
- Материјални трошоци (се уплаќаат само 200,00 денари на факултетската жиро сметка);
- Анкета (ако се слушани предмети во летниот семестар).
-
Студентите кои ги положиле сите испити, а пријавиле дипломски труд во летниот семестар и истиот нема да го одбранат до 15.9.2017 година, должни се да запишат зимски семестар при што покрај потребните документи треба да приложат уплатница во износ од 200,00 денари (материјални трошоци) на жиро сметката на Факултетот (осигурување, уверенија за редовност) и уплатница од 1.000,00 денари за административни трошоци на жиро сметка на Факултетот. Се доставуваат истите документи како во точка 2 без интерен лист и партиципација.
- Студентите кои покрај дипломски труд запишуваат барем еден предмет, доставуваат комплетна документација (Потребни документи за запишување зимски семестар).
Скопје, 18.8.2017 година Од Деканатот на ФЕИТ - Скопје