Лични алати
Пријави се
Трага: Дома I Циклус Организации БЕСТ

БЕСТ

БЕСТ (Борд на Европски Студенти по Технологија) е непрофитна организација водена од студенти. Таа е формирана како одговор на потребата за организација која ќе ја поттикнува комуникацијата, соработката и размената помеѓу студентите на техничките факултети во Европа.

БЕСТ сервиси

Дополнително образование – БЕСТ Курсеви

Целта на курсевите е да им се понуди на студентите дополнително образование и вештини кои не можат да ги стекнат на факултетите, а кои многу ќе им помогнат за идниот работен ангажман. Истовремено, работата и дружењето со студенти од цела Европа ги прави интернационално ориентирани, ги запознава со различните култури и ги поттикнува за идна меѓународна кариера. Во 2005 година, преку 7000 студенти се пријавија за учество на околу 80 курсеви организирани од БЕСТ.

Едукативна инволвираност на БЕСТ

БЕСТ е вклучен во оценувањето и подобрувањето на инженерското образование на универзитетско ниво во Европа. За таа цел, БЕСТ е вклучен во неколку проекти на Европската унија поврзани со високото образование.

Кариерна поддршка на БЕСТ

БЕСТ се труди да ги олесни контактите на студентите со компаниите преку својот Кариерен центaр (BEST Career Centrе), кој служи и како виртуелна понуда на работни места и пракси, како и место каде студентите и компаниите ги остваруваат заедничките интереси. За повеќе информации, посетете ја интернет-страната http://careercentre.BEST.eu.org.

Внатрешна обука

Во контекст на остварување на своите цели, БЕСТ се труди на своите членови да им обезбеди соодветна обука за успешно извршување на задачите. Тоа го остварува преку многубројни внатрешни настани на кои можат да учествуваат исклучиво членови на БЕСТ.

Официјалната страна на БЕСТ се наоѓа на www.best.org.mk

СП ФЕИТ

copy_of_SPFEIT_Logo.jpg

Годишен распоред на испити

icon_cal5.png

Студентски правобранител
Студентски парламент за УКИМ
Веб:
http://spukm.org.mk
Адреса:
Ул. „М. Теодосие Гологанов“ бр. 28/13, 1000 Скопје

Контакт:
spukm.mk@gmail.com
02 / 3223 024
ЖИРО СМЕТКИ НА ФАКУЛТЕТОТ

Жиро сметки на ФЕИТ