Стипендии од ОКТА
Врз основа на склучениот Меморандум за соработка потпишан помеѓу Универзитетот Св. Кирил и Методиј и ОКТА АД - Скопје, на 31.08.2018 година, Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје распишува
ОГЛАС
за доделување две стипендии на студенти од втор циклус студии
ОКТА АД-Скопје, (во натамошниот текст: ОКТА) во учебната 2018/2019 година доделува две стипендии на студентите запишани на втор циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, на следните студиски програми:
- Обновливи извори на енергија
- Електроенергетски системи
- I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА:
Право на стипендија има кандидатот кој ги исполнува следните услови:
- Да има завршено прв циклус студии на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје во траење од 8 семестри, со постигнат просечен успех од најмалку 8,00;
- Да поседува сертификат, како доказ за активно познавање англиски јазик;
- Да не е корисник на стипендија од други даватели;
- Да е државјанин на Република Македонија;
- Предност ќе имаат кандидати кои не се во редовен работен однос.
- II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:
- Пријава (формулар достапен на интернет страната на Факултетот);
- Копија од диплома/уверение за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнат успех;
- Уверение-потврда за активно познавање англиски јазик;
- CV на македонски јазик.
- III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈА:
Стипендијата ги покрива трошоците за школарина во учебната 2018/2019 година во висина од 1.500 евра.
- IV. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Крајниот рок за пријавување на кандидатите за користење на академската стипендија за студии од втор циклус е 16.10.2018 година. Документите може да се достават во архивата на Факултетот или по пошта на адреса: Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје, ул. Руѓер Бошковиќ, бр.18, Скопје.
Кандидатот ќе биде избран од страна на Комисија составена од претставници на ОКТА и претставници од Факултетот, а за кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе биде организирано интервју.